Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана


Целата течност која се излеа вчера во кругот на фабрката „Охис“ е собрана а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста соопшти синоќа Министерсвото за животна средина, информирајќи ја јавноста дека состојбата во фабриката е под контрола и нема место за паника.

Истекувањето се случило во кругот на Органско Хемиска Индустрија “Наум Наумовски Борче”, каде правен субјект од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината.

Постапката за чистење на хемикалиите во кругот на „Охис“ го врши фирмата „Екоцентар 97“, која треба да го извезе отпадот во Швајцарија, каде ќе се врши негово уништување.