Утрово најзагадено кај Ректорат, Ѓорче веднаш зад него

Фото: Б. Грданоски

По краткото расчистување на воздухот заради временските прилики, на скопјани, а и жителите низ цела Македонија, им се врати добро познатиот проблем – загадениот воздух.

Утрово од скопскиот реон најзагадено е кај Ректорат со 80 ПМ10 честички, а веднаш зад него е Ѓорче Петров со 76.

Во земјава приматот го има Тетово кое деновиве рушеше рекорди за загаден воздух.