Груевски се спаси од судење за кинеските автопати


Судот донесе одлука да го ослободи поранешниот премиер Никола Груевски од обвинение за случајот „Траекторија“  оти настанала апсолутна застареност на делото. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата.

Случајот „Траекторија“ се однесувше за постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Обвинетите се товарат дека ги злоупотребиле своите овластувања и со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Инаку, судењето продолжува за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.