Зеќир Рамчиловиќ нов потпретседател на Собранието

Со 62 гласови „за“ и 12 „против“ независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ е избран за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Тој за оваа функција беше предложен од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Рамчиловиќ ќе го пополни испразнетото потпретседателско место во Собранието на Весел Мемеди кој даде оставка од функцијата пратеник.