ЈОРСМ презело 171 предмет од СЈО, приоритет ќе имаат оние во судска постапка


Вкупно 171 предмет презело Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од Специјалното јавно обвинителство, велат од ЈОРСМ за МИА. – Јавното обвинителство на Република Северна Македонија од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите презеде три предмети по кои е донесена правосилна пресуда, два […]

Петнаесет деца од улица вклучени во образовниот процес


Петнаесет деца од улица кои минатата година го посетувале Дневниот центар за деца на улица и улични деца, оваа учебна година се вклучени во редовниот образовен процес. Дополнителни 15 деца се детектирани од мобилните тимови во текот на летниот период и тие годинава го посетуваат овој центар каде се подготвуваат да се вклучат во образовниот […]

Сè помалку пари за чисти болници


Скопска поликлиника. Во одделението каде што се примаат вакцини стојат наредени дечиња. Едното од нив е видно возбудено, наеднаш почнува да повраќа. Родителите растрчани да најдат хигиеничарка за да исчисти. Но, на нивно изненадување, одговорот од докторите е дека – хигиеничарка нема. Прашуваат дали има барем хартија, за да исчистат самите. И на ова одговорот […]

Милошоски: Талат е во скутот на СДСМ, а СЈО потрошило 15 милиони евра


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска обвини дека владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ се плаши од тоа да им дозволат на пратениците да направат увид во СЈО. Тој го нарече банален дописот со неосновани технички образложенија од страна на парламентарниот спикер Талат Џафери, кој предлог одлуката за анкетната комисија ја враќа на подносителите. „Наводно, […]

Тетовци сѐ уште без информации за загадениот воздух


Изминува речиси половина година, период во кој жителите на Тетово не можат да проверат дали има присуство на отровните честички пи-ем 10 и пи-ем 2,5 на интернет страница на Министерството за животна средина и просторно планирање каде се објавуваат податоци од мерните станица за квалитетот на воздухот.  И понатаму не се објавуваат информации, а уште […]

Почна уривањето дивоградби во Охрид


Со активности на објект на улицата „Марко Нестороски“ денеска Општина Охрид почна со најавуваното уривање на дивоизградените објекти низ градот и покрај крајбрежјето. Според соопштението од Општина Охрид, се постапува согласно законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. […]

Јуратовиќ прогнозира „зелено светло“ од Бундестагот


Германскиот парламент се подготвува за расправата за Северна Македонија. Пратениците од Бундестагот на 26 септември ќе одлучуваат дали ќе ѝ дадат зелено светло на земјава за почеток на преговорите, односно да ѝ овозможат на владата на Ангела Меркел да се согласи на ниво на ЕУ. Одлуката веројатно ќе ја подразбистри сликата околу тоа што може […]

Со каков аршин се мери должината на притворот за Јанева?


Во заднина на дебатата поттикната од пратеникот Антонио Милошоски за тоа дали премиерот Зоран Заев се обидувал да влијае за ослободување на Катица Јанева од притвор, Кривичниот совет во судот во Скопје донесе одлука со која, на барање на Обвинителството, за нови 30 дена ѝ го продолжи престојот во „Шутка“ на поранешната специјална обвинителка. Сепак, […]

Нови искази за „Рекет“, Агапи Дика и Азманов во Обвинителството


Претседателката на собранието на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, Агапи Дика утрово околу 10 часот дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде е повикана да даде исказ за случајот „Рекет“. Во текот на денов исказ во Обвинителството треба да даде и бизнисменот Зоран Азманов кој поднесе кривична пријава против Боки 13 […]

Ден без автомобили во 13 градови во земјава


Со велосипедски дефилеа денеска во Скопје и во уште 12 градови ќе биде заокружена Европската недела на мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември. Велосипедското дефиле по повод одбележувањето на Денот без автомобили 2019 ќе стартува во 11:30 часот од паркот „Ибни Пајко“ зад Националната филхармонија. Велосипеди ќе возат скопскиот градоначалник Петре Шилегов, […]

Распадот на СЈО ќе го спречи испитувањето на непотизмот


Вработените во Специјалното јавно обвинителство одат секој ден на работа и чекаат Министерството за правда да направи измени на Законот за јавнообвинителска служба за да ја земат идната плата, сега кога официјално се обезглавени, без специјален јавен обвинител и без други обвинители. Додека тие се во неизвесност и немаат ни кому да му дадат отказ, […]

Ќе се казнуваат пешаците што одат на велосипедски патеки


Нема дефиниција за електричните тротинети ниту правила кој може да ги вози, каде и како лицето треба да биде опремено за безбедно да управува со него и да не ја загрозува безбедноста на другите учесници во сообраќајот. За да се најдат одговори на овие прашања, беше организирана тркалезна маса на тема „Учество во сообраќајот со […]

Засега нема закажано нова средба за законот за ЈО, велат од Министерството за правда


Засега нема закажано средба на работните групи за законот за јавно обвинителство в сабота, велат од Министерството за правда, по информациите објавени во дел од медиумите дека за време на викендов ќе се одржи нова рунда преговори меѓу тимовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Разговорите стагнираа по последната маратонска средба што се одржа во Собранието на […]

Заев-Бенгтсон: Поддршка од Шведска за реформските процеси во нашата држава


Кралството Шведска е голем и искрен пријател на Република Северна Македонија и пријателството продолжува да се развива низ меѓусебната соработка на двете држави. Ова на денешната средба го констатираа премиерот Зоран Заев и новата шведска амбасадорка Кристин Форшгрен Бенгтсон. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е констатирано дека Шведска силно ги поддржува перспективите на […]

ЈСП: Граѓаните да ги заменат истечените персонализирани картички за превоз


Граѓаните, корисници на јавен превоз, сопственици на персонализирана електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност, кој изнесува четири години од издавањето,  треба да ја заменат како би можеле да го користат превозот, информираат од ЈСП. Обнова или замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар […]

Бундестагот за една недела ќе даде зелено светло за преговори, на седницата ќе биде и Османи


Германскиот Бундестаг ќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, а на седницата која ќе се одржи на 26 септември кога на дневен ред ќе се најде точката за нашата апликација, лично ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи каде домаќин ќе му биде претседателот на Бундестагот, Волфганг […]

Уште двајца обвинители од СЈО ќе продолжат да ги застапуваат предметите


Поранешните обвинители во СЈО Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска и натаму ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“. Пред  Донев и Јосифовска, уште тројца поранешни обвинители во СЈО добија овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа. Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, […]

„Орка холдинг“ го демантира Костадинов: Не сме го финансирале ВМРО-ДПМНЕ


„Орка холдинг“ ги демантира наводите кои денеска ги изнесе во јавноста портпаролто на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов. Тој денеска побара од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да одговори дали Орце Камчев е финанисер на изборна кампања на најголемата опозициска партија во земјава. „Најостро и со целосна одговорност ги демантираме тврдењата кои денеска ги произнесе […]

Скопските улици и утре блокирани поради „Ден без автомобили“


Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека утре во Скопје ќе биде изменет режимот на сообраќајот поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили“, со кое ќе се  одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас. Дефилето, кое го организира Градот Скопје, ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко“, потоа по улицата […]

Најмногу фалсификувани алкохолни пијалаци на ЕУ пазарот доаѓаат од Северна Македонија


Царинските служби во Европската Унија спречиле влез на фалсификувани и опасни производи на европскиот пазар во вредност од 740 милиони евра во текот на 2018 година, соопшти денеска Европската Комисија. Од нив фалсификуваните алкохолни пијалаци во најголем дел доаѓаат од Северна Македонија, додека Турција е главен извор на лажни козметички производи и парфеми како и […]