За „Св. Климент Охридски“ бесплатен паркинг во Центар


Фото: Б. Грданоски

По повод претстојниот државен празник „Св. Климент Охридски“ на 09.12.2019 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.С.М.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 10.12.2019 година (вторник) со вообичаено работно време – информираат од ПОЦ.