Во понеделник ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред


Фото: Б. Грданоски

ЈСП информира дека во понеделник (9.12.2019 година) кој е неработен ден поради државниот празник 8 Декември („Св.Климент Охридски“), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичарницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време за овој период од годината, односно од 10 до 17 часот.

Последното возење од доле нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од горе надоле ќе биде во 16.45 часот.

Дежурни ќе бидат три билетарници:

Транспортен центар 7-19.30 часот

Зелено пазарче 7-19.30 часот

Ѓорче Петров 7-13 часот