Дане Талески ќе биде амбасадор во НАТО


Советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески е кандидат за амбасадор во НАТО, потврдија владини извори.

Кандидатурата на Талески, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе ја достави на владина седница в четврток.

Извори од владата велат дека предлогот е усогласен со шефот на државата Стево Пендаровски.

Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето.