Законот за јазици ќе претрпи ревизија


Владата ќе ја почитува препораката од Венецијанската комисија. Законот за употреба на јазиците по трет пат се враќање пред пратениците.

Откако Венецијанската комисија побара негово преиспитување премиерот Зоран Заев најавува ревидирање на Законот – и  враќање во Законодавниот дом откако Министерството за правда ќе ги подготви измените, кој според него ќе бидат  во согласност со забелешките.

Премиерот најави измени во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството. Тој уверува дека ставот е усогласен и со владиниот партнер ДУИ. Вицепремеирот за европски прашања, пак Бујар Османи повеќе детали околу мислењето на комисијата најави за утре.

Опозиционите партии и од албанскиот и од македонскиот блок – побараа почитување на даденото мислење.  Од најголемата опозициска партија сметаат дека извештајот на Комисијата ги потврдува досегашните забелшки на ВМРО-ДПМНЕ.

Од БЕСА во дел согласни со комисијата, во дел не. Побараа албанските партии да седнат на иста маса и проблемот со албанскиот јазик да го решат, како што велат еднаш за секогаш. Посочуваат дека Албанците не се малцинство во земајва и дека албанскиот јазик со Устав треба да биде службен јазик.

Венецијанска комисија препорача да се преиспитаат одредбите за двојазичност во судските постапки. Законот за јазици во јануари оваа година во Собранието беше изгласан по втор пат – откако по првичното усвојување не го доби потписот на екс претседателот  Ѓорѓе Иванов.