Масовни апсења по пукањето во Александар Палас

Во широка полициска акција на 34 локации во Скопје уапсени се 10 лица осомничени за предизвикување општа опасност, доведување во опасност на службено лице, нелегална трговија со наркотици и незаконско поседување оружје. Според МВР, неколку од приведените се осомничени и за вмешаност во пукањето во хотелот Александар Палас пред неколку дена. Сепак, полицијата не успеа да ја уапси групата која пукаше. Во текот на претресите на локациите, тие не биле таму.

Акцијата се спровела во Грчец, Центар, Арачиново, Ѓорче Петров, Бутел, Студеничани. Пронајдени и одземени се моторцикли, панцири, пиштоли, пушки, муниција од различен калибар, опрема за набљудување, дрога и други предмети.