Деркоски: Гласачите од Пустец сè уште се на избирачкиот список


Во избирачкиот список веројатно е дека сè уште се наоѓаат гласачите од Пустец, сè додека ја имаат личната карта и пасош.

Ова го вели Оливер Деркоски, претседател на Државна изборна комисија (ДИК) во неделното интервју на РСЕ.

На прашање дали МВР или Обвинителство поднеле до ДИК некаква претставка или барање, Дерковски вели: „Не, не ни можат и не треба да поднесат, затоа што тие треба во своите постапки доколку утврдат вина при издавањето на таквите лични документи, во тој случај треба да му наредат на органот што издал такви документи да ги поништат. Во ниедна друга ситуација не може да бараат од нас или од било кој друг да се спроведе било каква постапка. Да се разбереме тие граѓани имаат наше државјанство, и тие како и сите други граѓани кои имаат наше државјанство имаат право на глас“.