Земјотрес синоќа почувствуван во западните делови од државата


  Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23:15 часот во западните делови од државата. Епицентарот на земјотресот е 115 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Заев ќе отстапи од премиерското столче, ама останува во политичкиот ринг


Кога во јуни минатата година го потпишуваа Преспанскиот договор, премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, беа свесни дека може да платат висока политичка цена за затворањето на речиси тридеценискиот спор меѓу двете земји. „Сметката“ на Ципрас стигна за наплата во јули годинава, кога Сириза замина во опозиција на предвремените парламентарни […]

Богоев: Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја во Карпош


Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја, а континуирано се работи на обнова на блоковското зеленило и на подигнување повеќе тревни површини, во различни населби на Општина Карпош, објави градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев. – Направивме нов парк – сквер во Тафталиџе 2. Добивме нова фитнес зона на Кејот на реката Вардар. Зона […]

Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека“ на Сува Гора


Околу 150 дрвца се засададени долж „Милениумска патека“ планинарско-рекреативна акција која се спроведе вчера на падините на Сува Гора. Во организација на планинарскиот клуб Јелак од Тетово, Македонската Православна Црква и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи 105 учесници ја поминаа патеката долга девет километри и учествуваа во акцијата. -Планинарско-рекреативната акција започна […]

Повели народе, пак на тазе избори


Без оглед на епилогот на вчерашната лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски и евентуалното заедничко прецизирање на датумот кога би се одржале предвремените парламентарни избори, партиите веќе со денови крстосуваат по државата во битка за гласови. Во прилично патетичната атмосфера по разочарувањето од Брисел, тој обид за наметнување на некаква партиска победничка еуфорија […]

Викендов ќе се менува часовникот еден час понапред


В сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад. Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, […]

Ципрас: Грција е отсутна од случувањата во соседството


Грција– Во моментот кога ЕУ е соочена со последиците од трагичната одлука да не даде зелено светло за интегративен процес на Северна Македонија, Грција се чини дека е целосно отсутна од случувањата во нејзиното соседство, напиша утрово на Фејсбук лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, коментирајќи ја позицијата на актуелната грчка […]

Штрајк на вработените во Институтот за хемија – нема подмладок


Во вторник, пред зградата на Институтот за хемија вработените и студентите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, во пауза помеѓу предавањата, заедно ќе излезат за јавно да го изразат своето незадоволство од условите за работа и студирање, кои, според нив, во последниве десетина години стануваат сè полоши и го доведуваат во прашање нормалното реализирање […]

Могерини: Одбивањето на Скопје и Тирана е повеќе од промашена шанса, тоа е историска грешка


Белгија– Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување, Федерика Могерини, оцени дека одложувањето на одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, не е само пропуштена шанса, туку е историска грешка. Сумирајќи ги резултатите од минатонеделните состаноци на ЕУ во Брисел, Могерини на својот блог во текстот насловен […]

Четири лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30  сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во 16 сообраќајки полесно биле повредени 24 лица, а во 10 била причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 69 […]

ЦДУ/ЦСУ: Патот кон ЕУ станува отворен за Сeверна Македонија и Албанија


Германија– Владејачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ смета дека патот на ЕУ останува отворен за Северна Македонија и Албанија, и покрај негативен исход од минатонеделниот состанок на Советот на ЕУ во однос на отворањето на пристапните преговoри со двете земји. Заменик-претседателот на парламентарната група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул и парламентарниот известувач Кристијан Шмит, ги повикаа Скопје и Тирана […]

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето


Летното сметање на времето завршува во последниот викенд од октомври, што значи дека ноќта идната сабота кон недела (26 и 27 октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3 часот по полноќ се поместуваат на 2 часот. Промената на времето во Европа е воведена во 1970 година, поради заштеда на […]

Преку ноќ не се случуваат ни брзи избори


Три опции имаше на маса премиерот Зоран Заев во петокот – ден пред да објави дека презема политичка одговорност за неуспехот на Македонија на самит на ЕУ во Брисел. Првата варијанта беше да поднесе оставка од премиерското место така што ќе остави претседателот Стево Пендаровски да го даде мандатот за формирање влада на друг кандидат […]

Сончево и топло со свежо утро и магла


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со свежо утро и магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 13 степени, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје во утринските часови ќе има услови за слаба магла, а преку ден ќе биде сончево и топло. Утринската […]

Заев: Верувам дека на 12 април граѓаните мудро ќе донесат одлука


Верувам дека граѓаните мудро ќе донесат одлука со која ќе го трасираат патот по којшто ние политичарите, кои ќе добиеме поддршка, ќе ја водиме нашата држава, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, кој по средбата кај претседателот Стево Пендаровски, објаснувајќи дека изборите ќе се одржат на 12 април следната година. Тој рече дека […]

Тачи: На земјата и се потребни фер и демократски избори


Се договориме на 12 април да имаме избори, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски. – Фер и демократски избори и се потребни на Македонија, нагласи Тачи. Тој нагласи дека на средбата лидерите ја разгледале ситуацијата за можноста за ратификување […]

Ахмети: Да се испочитува датумот за изборите и потоа да зборуваме за пописот


Битно е предвремените парламентарни изборите да се демократски и да победи најдобриот, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по лидерската средба што вечерва се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски. – Во детали разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Исто така, оценивме дека од наш заеднички интерес […]

Мицкоски: Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше


Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше во земјата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба што вечерва се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски. Тој нагласи дека сега следуваат предвремени избори, по кои, како што рече, ќе следи обнова на Македонија и бескомпромисна работа со цел […]

Заев го откри датумот за предвремените парламентарни избори


Учесниците на лидерската средба што вечерва се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, се договорија на 12 април 2020 година да се одржат предвремени парламентарни избори. Како што соопшти премиерот и лидер на СДСМ по средбата, лидерите постигнале консензус предвремените избори да се одржат на 12 април следната година, поради што […]

Пендаровски: Лидерите искажаа јасен државотворен капацитет, не постои алтернатива за ЕУ


Лидерите на политичките партии кои вечерва се на средба кај претседателот Стево Пендаровски стојат зад идејата државата што поскоро да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Пендаровски по завршувањето на првиот дел од состанокот пред медиумите изјави дека сите присутни политички партии се согласни дека државата треба што поскоро да ги почне и да […]