Граѓаните од високо ризичните земји можат да влезат само на ГП Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

Граѓаните на Република Северна Македонија можат за излез од државата да ги користат сите гранични премини кон Бугарија и Грција без ограничувања, како и аеродромите во Скопје и Охрид, информираат од МВР.

– Влез и излез кон Србија е возможен само на заедничкиот премин Табановце-Прешево. Косово има забрана за влез на сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, значи нашите државјани не можат да влезат во Косово. Нашите граѓани во Албанија можат да влезат само на граничниот премин Ќафасан, додека на Свети Наум и Стење само доколку патуваат во пограничните места, до овие премини, се наведува во соопштението од МВР.

Доколку доаѓаат од високо ризични земји, како што посочуваат од МВР, нашите граѓани можат да остварат влез во Република Северна Македонија само на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан и аеродромите во Скопје и Охрид.

Странските државјани пак кои доаѓаат од високо ризични земји не можат да влезат на ниту еден граничен премин, односно нивниот влез е забранет.