По повод 11 Октомври положено цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел


Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел започнаа празничните свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Скопје, Прилеп и Куманово. Како што соопшти владината прес-служба, во знак на сеќавање и почит за учесниците во народното востание и народно-ослободителната војна делегација на Владата на Република Северна Македонија, […]

Четворица повредени во сообраќајката на патот Велес – Чашка


Четири лица се повредени во сообраќајката меѓу две патнички возила што се случи изутрината на регионалниот пат Велес-Чашка во месноста викана „Долги рид“. Повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени во хирушката амбуланта при Општата болница во Велес. Портпаролот на Општата болница Велес, Тодор Јаковлевски изјави дека повредените во сообраќајката биле донесени кај […]

Заев на „жешко столче“ во Лондон меѓу Трамп и Столтенберг


Независно од тоа дали Северна Македонија ќе стане 30. полноправна членка на НАТО на декемврискиот самит во Лондон или тоа ќе се случи нешто подоцна – по конституирањето на парламентот во Шпанија по изборите, министерката за одбрана Радмила Шекеринска оцени вчера дека нашата земја е веќе влезена во системот на Алијансата и дека е на […]

Облачно со локален дожд, викендов сончево


Времето во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, претежно во северните делови. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од седум до 16 степени, а дневната од 17 до 25 степени. […]

Ден на народното востание, свечености во Прилеп, Куманово и Скопје


Седумдесет и осум години од почетокот на антифашистичкото востание и почетокот на народноослободителната војна ќе бидат одбележани денеска во Куманово, Прилеп и во Скопје, во присуство на членови на Владата, Собранието, претставници на политичките партиите, на Сојузот на борците, дипломатскиот кор, граѓански организации… Во Куманово активностите стартуваат со положување цвеќе на Спомен-костурницата по што воениот […]

ВМРО-ДПМНЕ „чепка“ во дворот на Љубчо и Љубе


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, ја извести јавноста дека остварил средби со дел од раководствата на повеќе политички партии, кои, како што вели, до пред извесно време партиципирале во власта. Без да посочи конкретни политички субјекти, Јанушев вели дека дел од партиите преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, а дел во другите десничарски партии од коалицијата „За […]

Ременски не се чувствува виновна за случајот „Рекет“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за случајот „Рекет“ против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, но и ја прошири истрагата за случајот, а новоосомничени во случајот се и пратеничката Фросина Ременски, таткото на Боки 13, Миле Јовановски и потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ. За […]

Мицкоски: Посакувам предвремени избори, разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е 100 илјади гласови


Очекувам и посакувам предвремени избори затоа што тоа е единствениот начин да провериме дали Македонија блеска или пак она што ние како опозиција го говориме дека не само што не блескаме, туку одиме се позабрзано во амбисот, порача вечерва од Струмица лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија- […]

Шарец: Северна Македонија заслужува да почне преговори за членство


Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва на средба со словенечкиот премиер Марјан Шарец искажал благодарност за континуираната помош и поддршка  од Словенија во остварување на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ. -Шарец констатираше дека Република Северна Македонија направи огромни напори и инвестираше многу во процесот за зачеток на евроатлантските процеси. Како земја […]

Заев: Очекувам да се докаже невиноста на Ременски


Лично верувам во невиноста и презумцијата на невиност и час поскоро ќе очекувам да се докаже таа невиност, за секако да може Фросина Ременски повторно да се врати во органите и телата на партијата, рече  денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот колега Марјан Шарец. Премиерот најави дека партијата ќе носи одлуки за […]

Франција против старт на преговори поради реформата на СЈО


Француски дипломатски извори информираат дека една од причините зошто Париз се противи на отворањето преговори со Северна Македонија е недостатокот на напредок во реформата на статусот на Специјалното јавно обвинителство. – Конкретно сметаме дека Северна Македонија мора да приложи дополнителни напори посебно во делот на Специјалното јавно обвинителство, сметаме дека останува уште многу работа и […]

Заев-Шарац: Преговори со Северна Македонија и признание за постигнатите резултати


– Словенија и Северна Македонија се добри пријатели и партнери. Во Словенија сакаме што побрзо да ја видоме вашата земја во НАТО и ЕУ и се надеваме дека Северна Македонија во октомври ќе почне преговори за членство во ЕУ. Тоа е наш заеднички проект. Сакаме земјата да добие признание за постигнатите резултати, порача словенечкиот премиер […]

Франција бара нов пристап за ЕУ преговорите, можно одложување на одлуката за Северна Македонија


Франција сака да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ идната недела на министерскиот состанок во Луксембург, со што би можело по трет пат да се одложи одлуката за отворање преговори за Албанија и Северна Македонија. Иако не станува за официјална позиција за сега, Париз одамна смета дека преговарачкиот процес […]

Хан „уверен“ дека Софија нема да го блокира почетокот на преговори


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е „уверен“ дека Софија нема да го блокира почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, но ја повика да не го користи пристапниот процес за билатерални проблеми. Одговарајќи за позицијата на Бугарија околу преговорите со Северна Македонија и барањата поврзани за историјата и јазикот, Хан истакна дека […]

Ангеловска: Кажете на три пријателки што слушнавте за ракот на дојка, така се крева свеста


Министерството за финансии се вклучи во активностите за зголемување на свесноста за ракот на дојка. Со обраќање на министерката за финансии Нина Ангеловска и предавање на доктор Светлана Темелковска, специјалист радиолог од Институтот за радиологија и претседател на Здружението за радиологија на рак на дојка, вработените беа инспирирани проактивно да однесуваат кон најчестиот карцином кај […]

Место депонија, спортско-адреналински парк во Карпош


Во Општина Карпош денеска почна изградбата на спортско – адреналинскиот парк долж кејот на реката Вардар, со почетна точка кај алпинистичката карпа. Станува збор за нова, уредена зелена површина, спортско – рекреативна зона што ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри. Општина Карпош за овој парк преку Секторот за развој аплицираше во рамки […]

Алтернатива промовира нова политичка платформа за спречување на иселувањето


Алтернатива денеска промовираше нова политичка платформа „Наше огниште – Наша алтернатива“ за спречување на иселувањето на граѓаните. Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши истакна дека подготвиле документ во кој ги идентификува причините за миграција, но и мерките што треба да се преземаат за да се спречи тоа. – Идејата на нашиот субјект е да се спроведе […]

Шекеринска: Сакаме со соседите да бараме решенија, а не игра на уцени, притисоци, кавги


Како Влада покажавме капацитет, трпение и мудрост на одредени прашања да најдеме решение, на некои прашања дури да имаме и различни ставови. Ќе градиме пријателства и ќе се трудиме да ги решаваме проблемите. Важно ни е што денеска можеме да кажеме дека сите наши соседи цврсто не поддржаа да станеме членка на НАТО и на […]

Јанева задржана во „Жан Митрев“, се сомневаат на прединфарктна состојба


Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба, изјави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Здравствената состојба на Јанева, според Фрчкоска, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност. Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а […]

Искршен Споменикот на децата бегалци во паркот Жена Борец


Споменикот на децата бегалци во Жена Борец осамна искршен и паднат во фонтаната. Изминатово утро за сега непознати вандали комплетно ја оштетиле плочата која означуваше спомен за децата бегалци – жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. Споменикот на децата бегалци е откриен на 30 јуни 1988 година, кога во Скопје е одржана Првата […]