Попладне врнежи од дожд, на планините снег


Фото: Б. Грданоски

Од пладневните часови се очекува промена на времето, со повремен дожд, а на планините со повремен снег. Врнежите до крајот на денот ќе се прошират насекаде и ќе продолжат и преку ноќта.

Како што соопшти УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од седум до 16 степени.

Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд кои на
места ќе бидат обилни, над 25 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Температурите преку денот нема многу да се зголемат и ќе бидат од осум до 10 степени пониски од денешните. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и на некои пониски места ќе се формира тенка снежна покривка.

В четврток и во петок времето ќе биде стабилно со минимални температури, во поголемиот дел од земјава под нулата.