Владимир Талески доби осум години затвор за „Транспортер“

Судијаката Добирила Кацарска на ексградоначалникот на Битола Владимир Талески му досуди осум години затворска казна за случајот „Транспортер“. Тогашниот финансиски раководител во општината доби шест години и шест месеци затвор, а меѓу две и три години затвор добија вкупно десет застапници на таранспортните фирми. Условна казни добија директорите на основните и средните училишта, но и некои управител на фирми.

На објавата на пресудата судницата беше речиси празна. Во кривичниот суд денеска не дојде првообвинетиот ексградоначлник на Битола Владимир Талески, а во судница беа само двајца обвинети и четворица адвокати.

Предметот за ученичкиот транспорт во Битола го отвори Специјалното јавно обвинителство, па го презеде редовното обвинителство. Обвинението го застапуваат обвинителите Трајче Пеливанов и Љубомир Лапе. Вкупно 21 лице се обвинети за злоупотреба на службената положба, кои со превозот СЈО штетата ја процени на околу 288.000 евра.