Заразен со корона вирус крадел за време на полициски час


Поради  „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и „тешка кражба“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Т.Н. (31) од Струга.

На 29 март , за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, а при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, полициските службеници го затекнале пријавениот на ул.„Боро Хаџиески Путе“ во Струга. По дополнително преземени мерки, констатирано е дека тој извршил тешка кражба во ОУ„Браќа Миладиновци“ во Струга, од каде, по насилно влегување, противправно одзел повеќе видoви на машини и апарати.