ДУИ гледа етнички мотивирана правда

Ние продолжуваме силно да го поддржуваме правилното владеење на правото,
и за да стигнеме до европска правда, треба да ја искорениме селективната политички и етнички мотивирана правда со одлуки кои се основаат на нарачки, а не на закон.

Неселективната правда се постигнува преку целосен вметинг на обвинителите, судиите и политичарите.

На кревката доверба на институциите на правдата во очите на граѓаните како последица на постојаните политички влијанија, потфрлувањето на специјалното обвинителство, рекетот и алчноста, Боки 13, Сваровски и Луи Витон мотивите треба да и се стави крај.

Една земја членка на НАТО и во процес на преговори за членство во Европската Унија треба да се грижи за интегритетот на институциите, правната предвидливост и некорумпирана правда.

ДУИ го подржува ветингот за сите и нема да го коментира денешниот случај се до завршување на постапките  во највисоките инстанци.