Филипче: Линеарниот раст на заболени охрабрува


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче на својот официјален фејсбук профил наведе дека иако е сѐ уште рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, и посочи оти бројот на заболени е приближно еднаков секој ден.

– Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со корона вирусот, пишува Филипче на ФБ.

Додава дека пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега, како што наведува, потребно е сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.