Денес пресуди за „Титаник 3“ и за „Транспортер“


Обвинетите во предметот „Титаник 3“, Ејуп Аљими и Исмет Гури, денеска во Кривичниот сид Скопје треба да ја слушнат пресудата која ќе ја изрече судијката Марија Клетничка.

Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше вратена од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за предметот „Транспортер“, во кој обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески и уште 20-тина лица.

Обвинетите се гонат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска.