И неосигурените ќе се лекуваат бесплатно од корона вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека без разлика дали некои лице е здравствено осигурано или не, тестирањето и лекувањето од Ковид-19 ќе биде на трошок на Фондот за здравство.

-Без разлика дали се здравствено осигурани или имаат лично или по некоја друга основа, или пак, немаат уплатено здравствено осигурување, сите што треба да се тестираат или се лекуваат од оваа болест трошокот оди на сметка на Фондот за здравствено осигурување, рече Филипче.