Ученичките и студентските домови може да станат центри за изолација


Студентски дом „Стив Наумов“

Владата на денешната седница донесе одлука, доколку има потреба ученичките и студентските домови да станат центри за сместување луѓе во задолжителна изолација.

Имено, согласно Oдлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба со која се утврдува постоење на вонредна состојба за период од 30 дена заради заштита и справување со последиците од ширењето на коронавирусот COVID-19, а врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, Владата ги донесе Уредбата со законска сила, за примена на Законот за ученичкиот стандард за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за примена на законот за студентскиот стандард за време на вонредна состојба, Програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2020 година, и Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, со овие уредби со законска сила се регулира овозможување ученичките домови, како и со измените во Програмите за ученички и студентски стандард, ќе се овозможи ученичките и студентските домови да се користат како сместувачки капацитети за превенција од ширење на коронавирусот (COVID 19), соопштија од владата.