И странските дипломати ќе бидат во карантин ако влезат во Македонија


Странските дипломати од денес натаму  ќе влегуваат во земјата со посебен протокол што го усвои денес на седница Владата. Со него се опфатени и нивните семејства,  и според протоколот, тие  при влез во земјата начелно не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин.

Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а во исто време и да се почитуваат националните закони и правила (кои дипломатите согласно Виенската конвенција мора да ги почитуваат) мерката државен карантин ќе се применува само онолку колку што е нужно.

За спроведување на овие мерки се задолжени Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство.