Одложено судењето против струшкиот градоначалник Мерко за набавката на луксузен автомобил


Во Основниот суд во Струга денеска почна судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузниот автомобил „ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3 јуни годинава.

На денешното рочиште не присуствуваше ниту обвинетиот, ниту неговиот полномошник, адвокатот Игор Петкоски.

Списите со предметот, како што појасни судијката во дигитален препис ќе му бидат предадени на адвокатот на обвинетиот на усб стик, на кој има 27 фалјови во ПДФ формат.

Адвокатот на Мерко, Игор Петкоски, во телефонски разговор за медиумите посочи дека со обвинителниот предлог до неговиот клиент не биле доставени доказите наведени во листата на докази од Обвинителството, што е законска и уставна обврска кога некој се гони. Тој појасни дека поради обемноста, материјалот требало да му биде предаден на усб стик, но поради технички причини, Судот неможел да им ги пренесе материјалите пред терминот за судење, за да ги разгледаат доказите и да состават листа на докази на одбраната.