МО го ограничува бројот на средби со странки за заштита од корона вирусот


Министерството за одбрана донесе одлука да го сведе бројот на средби со странки на минимум, поради што го ограничува бројот на средби со странки, а комуникацијата ќе се одвива телефонски, преку меил или со видео конференциска врска. Одлуката, како што информираат од Министерството за одбрана, е донесена за да се елиминира секоја можност од ширење […]

Дипломатскиот синдикат бара мерки за заштита на вработените во МНР и конзуларните претставништва


Македонскиот дипломатски синдикат го повика раководството на МНР да се придржува до Законот за административни службеници и побара преземање на мерки за заштита на вработените во Министерството за надворешни работи и во дипломатско-конзуларните претставништва. – По природата на својата работа, вработените во Министерството за надворешни работи и во дипломатско-конзуларните претставништва во странство на дневна основа […]

Од следниот прес на Филипче, новинарите ќе седат поразредено, нема подавање микрофон


Додека трае утринскиот прес на министерот за здравство Венко Филипче, на кој ги објасни новите мерки за заштита од корона вирусот, тој најави мерки и за новинарите. Имено, Филипче рече дека од следната прес-конференција, новинарите ќе седат поразредено и нема да го подаваат микрофонот од еден на друг за да постават прашање. Појасни дека Службата […]

Брзањето може да доведе до лоша вакцина за короната


Многу научници и фармацевти трескавично работата за изнаоѓане вакцина за Ковид-19, но лекарите предупредуваат дека без целосно испитување таа само може да ја влоши болеста и епидемијата   Чикаго – Фармацевтите работат што е можно побрзо на развивање на вакцина за борба против распространетиот корона вирус кој зарази повеќе од 100.000 луѓе ширум светот. Зад […]

Кафулињата и обложувалниците да затвораат во 18 часот


Министерот за здравство Венко Филипче, денеска соопшти дека одлучиле кафеаните, кафулињата, рестораните, обложувалниците и казината да се затворат во 18 часот, со цел да нема собирање на поголем број луѓе на исто место, каде шансите да се пренесе вирусот Ковид-19 е поголемо. Препораката е и да работат со преполовен капацитет, за да има дистанца од […]

(Во живо) Прес-конференција на министерот Филипче


Проследете ја во живо прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче. Синоќа, немало нови случаи каои се испитуваат за корона вирус, но утрово еден патник кој на 7 март дошол од Германија со покачена температура се јавил за тестирање. Во текот на неколку часа ќе има резултати. Филипче информира дека назначена е нова директорка на […]

Се дезинфицираат такси возилата и автобусите во Скопје


Град Скопје испрати препорака до сите такси превозници на подрачјето на градот Скопје да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици). Дополнително, пратен е и допис до сите претставници на приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај […]

Дерковски: ДИК не е во паника


Во ДИК нема паника и нема причина за паника. Денес е денот кога треба да се достават кандидатските листи. Потоа ги проверуваме апликациите, ако е се во ред ги потврдуваме листите и продолжуваме со нашата работа. Заврши рокот со увидот во Избирачкиот список и доста граѓани се проверија, изјави Оливер Дерковски на гостувањето во „Утрински […]

Утврдени дополнителни мерки за да не се шири корона вирусот


Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки, активности и препораки на Владата за превенција од ширење на болеста КОВИД-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности, врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби – хронични респираторни заболувања, тешки  кардиоваскуларни заболувања, […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го спасува здравството од административните процедури што таа ги воведе


ВМРО-ДПМНЕ, преставувајќи ја својата изборна програма за здравството, најави мерки со кои практично ќе ги укине промените што стапија на сила кога тие беа на власт. Па така, според соопштението денес, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на ослободување од административни процедури на матичните лекари, кои всушност кулминираа додека оваа партија раководеше со Македонија. Покрај тоа, во програмата […]

Денес ќе се докажува како ја купил облеката Бојан Јовановски


На денешното рочиште за “Рекет” адвокатот Сашо Дуковски ќе презентира фотографии од гардероба на Бојан Јовановски за да докажат дека поголемиот дел е купена пред 2019 година, наспроти тврдењето на обвинителката Вилма Русковска дека ја купил со пари од рекетот. Станува збор за седум вреќи запленета гардероба. На денешното рочиште обвинетата Катица Јанева исто така […]

Ќе одлучат ли лидерите на партиите да ги одложат изборите?


Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот. Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Билал Касами, Мендух Тачи, Зијадин […]

Затворен граничниот премин „Прохор Пчински“


Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека од денеска од 7 часот утрово, а согласно насоките од Србија поради коронавирусот, ќе биде затворен граничниот премин „Прохор Пчински“. „Ги известуваме граѓаните дека Граничниот премин Прохор Пчински од утре 12.03 четврток од 7.00 часот согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид […]

Сончево и топло со температура до 23 степени


Времето во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура  ќе се движи во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево и топло. Највисоката температура ќе достигне до 21 степен.

Коалицијата „За обнова на Македонија“ на конвенција ги претстави кандидатите за пратениците


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ вечерва во Македонската филхармонија на конвенција ги претставија кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори. Пред присутните се обратија лидерот на партијата Христијан Мицкоски и носителите на кандидатските листи во шестте изборни единици. -Македонија заслужува обнова. Обнова на системот на вредности, обнова во секоја сфера од нашето општество, […]

Три политички партии веќе доставиле листи за изборите на 12 април до ДИК


До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска кандидатски листи доставиле три политички партии. Рокот за доставување листи за претстојните предвремени избори на 12 април завршува утре на полноќ. Портпаролот на ДИК Адмир Шабани за МИА вели дека и покрај состојбата со корона вирусот и мерките што се преземени, ДИК продолжува да работи, но истовремено ги […]

МВР: Ширачите на лажни вести за корона вирусот ќе бидат санкционирани


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. -Лажните вести кои создаваат неоснована паника и имаат долгосежни последици  врз општествената состојба,но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби […]

Заев: Се обединивме во голема мултиетничка победничка коалиција „Можеме“


– Најголемата предизборна коалиција до сега „Можеме“ препознава важност државата да продолжи по вистинскиот пат, тоа и ќе се случи. Нема враќање назад. Со ваква понуда и програма, надополнета со квалитетни персонални решенија секому му е јасно дека сме победници на 12 април. По победата продолжуваме на вистинскиот пат затоа што можеме уште повеќе, можеме […]

Здравствените работници да не користат одмори, ќе се регрутираат доктори да помогнат на Инфективна


Владата ќе постапи по препораките од Светската здравствена органзиација по одлуката за прогласување пандемија, а за што ќе имаат разговори со претставникот на СЗО во државава како и со регионалниот директор, појасни министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција. Со дополнителните мерки што ги усвоила Владата, на сите вработени во здравствен сектор им се […]

Што е тоа пандемија?


Пандемијата е епидемија на заразна болеста која се шири низ голема област – на повеќе континенти или ширум светот. Светската здравствена организација денеска ја прогласи епидемијата на вирусот Ковид-19 за пандемија, со што укажа на сериозноста на инфекцијата со новиот коронавирус. Додека епидемијата е термин што означува брзо ширење на заразна болест кај голем број […]