Викендов можно е полицискиот час да почнува во 19 часот


Фото: Б. Грданоски

Утрово имавме состанок на Комисијата за заразни болести и предложивме полицискиот час почнува од 19 часот и трае до 5 утрината – соопшти министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Ова ќе биде предлог на Влада што почнува попладнево, а потоа ќе биде информирана јавноста.

За воведување поопуштени мерки евентуално од понеделник, Филипче рече дека прво ќе се анализираат случаите од денешниот ден, а по утрешниот утрински состанок ќе излезат со предлог-мерки до владата.