СДСМ: Кичеец одработувал за Мицкоски, потопени се лагите за „Рекет“


СДСМ реагираше на сведочењето на Зоран Милески-Кичеец денес, кој потврди дека имал средби со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на кои разговарале како да му помогне за изборите.

-Мицкоски е фатен жив заплеткан во неговите лаги.Од апсолутно немал ништо со Кичеец, до аполутно се гледал со Кичеец во една иста реченица.Мицкоски е аполутно најголемиот лажго во земјава.Неколкупати фатен и неколкупати демантиран. Врв на ова е фактот што денеска Мицкоски и самиот се демантираше во една иста реченица.

Денес, потопени се сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски за случајот познат како „Рекет“ кои упорно, една година се пласираат од скапиот бел дворец.

Кичеец бил извршител на Мицкоски, се среќавале често и тој одбработувал за ВМРО-ДПМНЕ“, стои во реакцијата на СДСМ.

Александар Николоски пак од ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ посочи дека по завршниот збор на Бојан Јовановски во судницата за случајот „Рекет“, Зоран Заев на македонската јавност и должи многу одговори.

„Очајот го гледаме, јасен е. Одговорите кои што треба да ги добие македонската јавност се, како е можно на 3-ти април да ги известил осомничените во „Рекет“, а сега еден е веќе осуден за тоа дека се води случај против нив иако самиот тој тврдеше дека случајот го пријавил на 23 април. Иако до ден денес не ја видовме писмената белешка дека го пријавил случајот.

Второто прашање на кое јавноста очекува одговор, а не го доби ни вчера ни денеска е како е можно Зоран Заев да ветува повластен статус на одредени осомничени од страна на СЈО, што е исто така кривичниот дело. И третиот одговор кој што не го добивме ни вчера ни денес е како е можно во Охрид да биле наместени изборите, кога јасно беше кажано вчера дека биле местени изборите и имало параполиција“, истакна Николоски.