Свештениците тврдат дека настанот во Струга излегол од контрола


По масовниот собир во Струга по повод верскиот празник Св.Ѓорѓија, струшкото обвинителство соопшти дека отворило предмет и побарало од МВР да ги идентификува организаторите на настанот.

„Побарано е да се идентификуваат и повикаат организаторите на Литијата за да се утврди дали настанот бил уредно пријавен, кој требало да учествува, каква дозвола добиле и дали е постапувано согласно истата, како и дали презеле дејствија како организатори да нема присуство на граѓани или пак со редарска служба да го обезбедат евентуалното присуство на граѓани“, соопштија од обвинителството.

Свештенството при храмот Св. Георгиј, организатор на литијата, соопшти дека црквата неколку дена претходно и пред самиот настан повикала на придржување на мерките дадени од државните власти и според нив нема никаков простор за обвинување.

-Јас не сум таму да изигрувам полицаец. Ние се што можевме, организиравме, за да се запазат мерките. Службата што ја организираме внатре, ја направивме надвор. И да има народот место каде да стои и да гледа. И во црква претходно повикавт само свештенството да дојде. Меѓутоа, јас не сум некој што може да му забрани некому да оди по улица. Тоа не е должност на црква, одговори Митрополитот Тимотеј, прашувајќи дали треба да се извинува за блогослужба што се прави со векови.

-Не очекувавме толкав број на верници по повод празникот Ѓурѓовден, кога во Струга традиционално се одржува свечената литија со моштите на Св. Ѓорѓи Победоносец. И покрај апелите кои го упативме, вчера верниците ни се придружија на литијата. Јас не можам да посочам кој е одговорен или дали некој потфрли, иако можам да речам дека ситуацијата на некој начин излезе од контрола, но не по вина на црквата, ниту на полицијата, оцени и отец Васко Голабоски.

-Имавме состаноци апсолутно, оперативно се беше договорено, но Владиката Митрополит Тимотеј кажа, народот да не доаѓа по нас, да не се собира, дури вечерната  ја служевме надвор за едноставно секој да помине низ дворот, да го согледа ова богослужење и  да замине дома. Дури ни тоа не се испочитува, не можам против никого ништо да речам. Никој никогаш во историјата не сопрел ниту еден исламски празник ниту христијански празник, така да и ова пробајте сопрете го. Му честитам на тој што ќе ја сопре оваа 750 годишна традиција“ – вели отец Васко Голабоски.

Поради паднемијата со корина вирусот годинава на литијата учестуваа редуциран број на свештени лица од Дебарско-кичевската епархија и малкумина монаси и монахињи од Бигорскиот и манастирот Рајчица,но верниците и покрај укажувањата на митрополитото Тимотеј  да седат во кругот на црквата или да се разделат, тие сепак трганале по моштите кои се носат низ улиците на Струга.