ЈСП за викендот ќе сообраќа од 5 до 9 и од 13 до 19 часот


Фото: Б. Грданоски

Ве информираме дека утре, сабота (9.05.2020 год) јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, во две смени.
Автобусите ќе сообраќаат од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.

Распоредот, во меѓупериодот од први/последни наведени термини, може да се види на веб страницата на ЈСП Скопје, со избор на посакуваната линија.

 

Пример за преглед на возниот ред: Линија 15 (Ново Лисиче-Карпош 4).

Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч (последен наведен термин во прилогот пред 9 часот), па 12.32 ч (прв наведен термин во прилогот од 13 часот), 12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч, 17.10 ч и 17.54 ч (последен наведен термин во прилогот пред 19 ч).

Отворени од 7.30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Во недела (10.05.2020 год), јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, во две смени.

Автобусите ќе сообраќаат од 5 до 9 и од 13 до 19 часот, по неделен возен ред.

За термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите), ќе информираме во текот на утрешниот ден.

Во недела, од 7.30 до 13 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).