За Денот на Европа ќе се оддаде почит на починатите од корона вирус


Фото: Б. Грданоски

По повод денот на Европа 9-ти мај, во организација на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, пред платото на градската општа болница „8-ми Септември“ќе се одржи церемонија на кревање на знамиња на Република Северна Македонија и Европската унија и оддавање почит кон оние кои ја изгубија битката со коронавирусот.

Со кратки говори ќе се обратат шефот на делегацијата на Европската унија во нашата земја, Самуел Жбогар и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, информираат од владата.

На настанот ќе присуствуваат и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за здравство, Венко Филипче и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.