Филипче за отворање на џамиите – мерките за групирање не повеќе од двајца се на сила


Министерот за здравство Венко Филипче, не ги оправдува верските собири во услови на пандемија.

-Она што се случи во Струга е целосно непочитување на здравствените работници кои деноноќно работат за да ја надминеме кризата.Утрово разговарав со реизот на исламската верска заедница и поглаварот на Македонскта православна црква и на двајцата им посочив и побарав да се воздржат и да не се организираат собири. Строго да се почитуваат мерките. По денешната информација дека ИВЗ ќе ги отвори верските објекти џамиите, на 12 мај, апелирам да не се организираат вакви собири. Секое неодговорно групно или поединечно однесување може да не врати на почетокот на мерките. Апелирам граѓаните да се воздржат од било какви собири и да се почитуваат мерките, изјави Филипче.

По информацијата која денеска ја објави ИВЗ дека џамиите се отвораат на 12 мај Филипче повтори дека се уште трае забраната за групирање на повеќе од двајца луѓе.