Летово нема бесплатни одмори за децата од социјално загрозени семејства


Бесплатниот одмор за деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток, летово нема да се реализира.

Ваквата одлука ја усвои Владата на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика, кое предложи спроведувањето на проектот да се одложи, односно истиот да не се реализира за лето 2020 година.

Одлуката се носи во време кога на сила се мерки против ширењето на корона вирусот, за кој постојат многу индикации дека годинава во голема мерка ќе ја ограничи сезоната на одмори.