Шалтерските бизниси и поединечните спортови ќе можат да почнат


Фото: Б. Грданоски
Ако бројот на пациенти се намалува, како во последните денови, со исклучок на вчера и ако се покаже дека тоа било инцидентно, здравствените власти ќе препорачаат олабавување на рестриктивните мерки.
Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, најпрво ќе препорачаат отворање на тренинг и образовни центри, како и автошколите.
Секако, вели Филипче, олабавувањето на мерките ќе оди постепено и дозволата за отворање на одредени бизниси ќе оди во насока од оние кои можат да пружат шалтерски систем на работа, како обложувалниците, банките и друго, па понатаму, ако продолжи трендот на намалување на новозаболените и другите дејности.
Филипче потенцира дека тоа значи сепак, носење маски задолжително во затворени простории, а надвор кога не може да се држи дистанца од два метра.
И за спортистите Филипче најави дека ќе им биде дозволен тренинг најпрво на спортистите од поединечни спортови, а потоа и на групните.
За сето ова ќе се дискутира утре на состанокот со Комисијата за заразни болести, а потоа ќе се предложи на Централниот штаб во Владата.