Од утре попладне нови врнежи, за викендот пообилни со грмежи


Облачно време со врнежи од дожд и вретер од јужен правец не очекува од утре и за време на викендот. Меторолозите најавуваат пообилни врнежи во сабота над 20 л/м2, кога ќе има и услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Оттаму најавуваат дека утре кон крајот на денот и во сабота ќе дува …

Од утре попладне нови врнежи, за викендот пообилни со грмежи Read More »

Уште една жртва од експлозијата во Романовце подлегна на повредите


Почина уште едно лице од повредените во експлозијата на плинската боца што се случи пред две недели во кумановското село Романовце, со што бројот на загинати се искачи на седум. Од Клиниката за пластична хирургија  потврдија дека лицето починало во шест часот изутрината на Клиниката за неврохирургија. Станува збор за 55-годишен маж. – Лицето почина …

Уште една жртва од експлозијата во Романовце подлегна на повредите Read More »

Министри: Интеграцијата на Западен Балкан е стратешка политичка цел за ЕУ


По посетата на Скопје и разговорите со македонските функционери шефовите на дипломатиите на Посла, Литванија И Летонија, како и потсекретарот за европски прашања на Естонија, издадоа заедничка изјава во која црвсто ги поддржуваат европските аспирации на Македонија. Еве што пишува во нивната изјава: „Ние, министрите за надворешни работи на Летонија, Литванија и Полска, како и …

Министри: Интеграцијата на Западен Балкан е стратешка политичка цел за ЕУ Read More »

(Видео) Овде е добро


Десетина млади луѓе од Македонија зборуваат дека и во земјава може да се направат убави работи и да се напредува во знаењето и во уметноста.

Февруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степени


Февруарските температури на воздухот во земјава годинава се повисоки за 2,5 степени во однос на многугодишниот просек од 1981 до 2010 година. Четиринаесет дена во февруари е забележана температура над 10 степени, а највисоката измерена е 21,6 степени во Гевгелија на 2 февруари. Средната месечна температура на воздухот се движела од 1,5 степен во Маврово …

Февруари за 2,5 степени потопол од просекот, максимално измерената 21,6 степени Read More »

Земјотрес почувствуван во Струмица и Валандово


Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML=2.6 и  интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, утрово во 7:26 часот е почувствуван од населението во Струмица, Валандово и околината. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од струмичкото епицентралното подрачје

Претседателот на Уставниот суд ќе се сретне со амбасадорот на Холандија


Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денеска ќе одржи средба со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп. Од назначувањето за претседател на Уставниот суд, Мурати досега се сретна со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, со евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и со амбасадорите на Франција, Германија, Турција, …

Претседателот на Уставниот суд ќе се сретне со амбасадорот на Холандија Read More »

Променливо облачно со повремен дожд и ветер


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Демир Капија и Крива Паланка 34 литри на метар квадратен, во Штип 26 и во Гевгелија 22 литра. Дуваше и умерен ветер од северен правец. Утрово врнежите на повеќето места престанаа. Слаби врнежи од снег има во Крива Паланка и Крушево, а во Маврово има појава на магла …

Променливо облачно со повремен дожд и ветер Read More »

Над 100 милиони евра отидоа, нефункционални апарати останаа низ болниците (1)


Акцелераторот за онколошки пациенти, кој стоеше во магацин, не може да се стави ниту во еден од постојните два слободни бункери. Сега ќе се купува нов Билјана Богдановска Вкупно 199 медицински апарати во 74 јавни здравствени установи добиле епитет „нефункционални“ во април 2015 година, кога тогашното Министерство за здравство пратило информација до Владата за состојбата …

Над 100 милиони евра отидоа, нефункционални апарати останаа низ болниците (1) Read More »

Столтенберг во Загреб: Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција со претседателот Зоран Милановиќ денеска во Загреб објави дека Северна Македонија ќе стане членка на Северноатлантската алијанса за неколку недели. Тој и се заблагодари на Хрватска за поддршката на нејзината политика на отворени врати. – Го поздравуваме фактот дека Хрватска е силен поборник за политика на отворени …

Столтенберг во Загреб: Северна Македонија наскоро ќе стане членка на НАТО Read More »

Најмногу дожд во Демир Капија, најмалку во Битола


Во изминатите девет часа најмногу дожд, 29 литри на метар квадратен, наврнале во Демир Капија, а најмалку, еден литар, во Битола. Како што информира УХМР, до 16 часот наврнале 25 литри на единица површина во Крива Паланка, 22 во Гевгелија, 21 во Штип, 14 во Ѓуриште, 11 во Струмица, девет во Берово, осум во Виница, …

Најмногу дожд во Демир Капија, најмалку во Битола Read More »

Димитров – Христодулидес: Развојот на билатералните односи ќе почне со бизнис и економските врски


Главна причина за мојата посета е да пренесам силна политичка порака од земја членка на ЕУ за европската перспектива на Северна Македонија. Земјата направи навистина сериозни напори за напредок на реформската агенда и исполнување на критериумите и сега на ред е ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Кипар Никос Христодулидес на прес-конференција по средбата …

Димитров – Христодулидес: Развојот на билатералните односи ќе почне со бизнис и економските врски Read More »

Спасовски – Кристодулидес: Отворањето на преговорите со ЕУ е признание за реформите


Поддршка од Кипар за почеток на преговорите со Европската унија и почнување на постапката за постигнување договор за избегнување на двојното оданочување се накусо двете главни поенти од денешната средба меѓу премиерот Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Кристодулидес. Премиерот Спасовски на средбата, во негово име и во име на …

Спасовски – Кристодулидес: Отворањето на преговорите со ЕУ е признание за реформите Read More »

Министри од „пријателите на проширувањето“ во Скопје за поддршка на Македонија


Тројца министри за надворешни работи (на Полска, Летонија, Литванија) и заменик-министерот за европски прашања на Естонија, како претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“, денеска се сретнаa со шефот на дипломатијата Никола Димитров за да ја пренесат поддршката на Македонија за ЕУ и НАТО. Министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович …

Министри од „пријателите на проширувањето“ во Скопје за поддршка на Македонија Read More »

Град Скопје: Во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот за 2020


Град Скопје ги известува сите даночни обврзници дека е во тек  доставувањето на решенијата за данок на имот  за 2020 година. Сите даночни обврзници кои немаат платено данок на имот за изминатата 2019 година ќе добијат опомена за неплатен долг. Даночните обврзници коишто нема да добијат решенија за данок на имот или доколку во истите …

Град Скопје: Во тек е доставувањето на решенијата за данок на имот за 2020 Read More »

Македонија скокна на скалата на „Фридом хаус“


Иако и натаму е во групата на делумно слободни земји Македонија во новиот извештај на „Фридом хаус“ за „Слободата во светот 2020“ за 2019 има добиено четири поени во однос на претходната година. Сега има вкпуно 63 од можните 100. Во објаснувањето за напредокот се вели: „Северна Македонија одржа компетитивни претседателски избори, помагајќи да се …

Македонија скокна на скалата на „Фридом хаус“ Read More »

Шилегов: Градскиот инспекторат со рекордни резултати во 2019 година


Постапувањето на комуналната инспекција по барања на граѓани е зголемено за 134 проценти, односно од 82 барања во 2018 година на 192 барања во 2019 година. За 237 отсто е зголемен контролниот инспекциски надзор на комуналните инспектори (во 2018 година – 92, а во 2019 година – 310 контролни надзори). Во 2019 година се изречени …

Шилегов: Градскиот инспекторат со рекордни резултати во 2019 година Read More »

СДСМ: Сиромашните нема да плаќаат за градинка


Владејачката партија најави дека по нивната победа на изборите ќе продолжи да се грижи „за сиромашните, ранливите – продолжуваме да вложуваме во луѓето – а не во спомениците“. „Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто, а до крајот на следниот мандат таа ќе се прошири и ќе ја примаат 34.000 домаќинства како гарантирана минимална помош, …

СДСМ: Сиромашните нема да плаќаат за градинка Read More »

Се засилуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот


Нема нови случаи на заразени со корона вирусот, но надлежните ги зајакнуваат мерките за превенција. Во новите мерки кои ги соопшти денес на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, се и обврската патниците кои патуваат со авионите на „Визер“ од Милано и од Венеција да пополнат здравствен локатор – карта, како и изготвување план …

Се засилуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ се „обврзува“ да ги зголеми платите на универзитетските професори


Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, објавувајќи денеска сет мерки за образованието што ќе ги преземе нивната влада доколку победат на изборите, најави дека редовните универзитетски професори ќе имаат плата од 100.000 денари, вонредните 80.000, а доцентите 60.000 денари. Тој најави и зголемување на платите во основното и средното образование во согласност со колективниот договор. Мицкоски …

ВМРО-ДПМНЕ се „обврзува“ да ги зголеми платите на универзитетските професори Read More »