Претседателот на Уставниот суд ќе се сретне со амбасадорот на Холандија


Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денеска ќе одржи средба со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп.

Од назначувањето за претседател на Уставниот суд, Мурати досега се сретна со американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, со евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и со амбасадорите на Франција, Германија, Турција, Унгарија и на Руската Федерација, Кристијан Тимоние, Томас Герберих, Хасан Мехмет Секизќок, Ласло Иштван Дукс и Сергеј Баздникин.