За јубулејот, 100 години, ЗОО Скопје збогатена со нови жители
По повод нивниот голем јубилеј – 100 години Скопска зоолошка градина, оттаму објавија дека имаат уште една прекрасна причина за радост.
Причина за новата радост е зголемувањето на зоолошкото семејство со нови, интересни и прекрасни жители.

Во Скопје ЗОО пристигнаа патагониски мари, нанду птици, кокошести гуски, бели пауни и лебеди.

Новите жители моментално се наоѓаат во задолжителен карантин, каде што добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор, со цел безбедно да се приспособат на новата средина.

Од Зоолошката градина најавија дека посетителите наскоро ќе имаат можност да ги запознаат и да уживаат во нивната убавина.