Македонија скокна на скалата на „Фридом хаус“


Иако и натаму е во групата на делумно слободни земји Македонија во новиот извештај на „Фридом хаус“ за „Слободата во светот 2020“ за 2019 има добиено четири поени во однос на претходната година. Сега има вкпуно 63 од можните 100.

Во објаснувањето за напредокот се вели: „Северна Македонија одржа компетитивни претседателски избори, помагајќи да се поправи антидемократското наследство на поранешниот премиер Никола Груевски“.

Како делумно слободни во извештајот се рангирани и Босна и Херцеговина со 53 поени, Косово со 56 поени, Црна Гора со 62 и Србија со 66 поени. Од 195 држави кои се оценувани во извештајот, 83 се рангирани како слободни, 63 како делумно слободни и 49 како неслободни.

Максималните сто поени ги имаат добиено три земји- Финска, Норвешка и Шведска.