Македонија рангирана меѓу првите три држави во светот според падот на стапката на мртвородени деца


Министерството за здравство соопшти дека според најновиот извештај на УНИЦЕФ, Северна Македонија е меѓу првите три држави во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца во периодот меѓу 2000 и 2019 година. Анализата на податоците, како што се посочува, покажува дека стапката на мртвородени деца во државава се намалила од 10,8 мртвородени, на …

Македонија рангирана меѓу првите три држави во светот според падот на стапката на мртвородени деца Read More »

СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека не се консултирани за пописот


Лага е дека опозицијата не е консултирана, пописот ќе се спроведе согласно меѓународните стандарди,реагираа од СДСМ на изјавите на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој најави дека е можно оваа партија да не ги признае резултатите ако не биде вклучена од самиот почеток во пописот. -Како и многупати досега, ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно секогаш кога …

СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека не се консултирани за пописот Read More »

„Еко свест“ бара транспарентност околу заштитата на животната средина


Центарот за истражување и информирање на животната средина „Еко Свест“ повикувајќи се на Извештајот на Европската комисија бара земјава да го подобри пристапот до информации, учество на јавноста и консултирање во процесот на носење на одлуки од значење за животната средина и климата. Институциите, велат од „Еко Свест“ треба да бидат повеќе транспарентни и на …

„Еко свест“ бара транспарентност околу заштитата на животната средина Read More »

Омбудсман: Да се почитуваат правата на децата, одговорноста за тоа е на целата заедница


По повод Неделата на детето, која се одбележува во првата седмица на месец октомври, Народниот правобранител упати апел за подигнување на степенот на чувствителноста на општеството за важноста од почитување на правата на детето и да се обезбедат услови за целосно имплементирање на Конвенцијата за правата на детето. – Сите држави членки на Организацијата на …

Омбудсман: Да се почитуваат правата на децата, одговорноста за тоа е на целата заедница Read More »

В среда, крводарителска акција  во Општина Аеродром


Крводарителска акција ќе се одржи в среда, 14 октомври, во просториите на Општина Аеродром. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 9 – 14 часот, а крв можат да даруваат сите заинтересирани граѓани. Притоа, ќе се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид-19. Крводарителската акција е во организација на Црвен Крст на Р. Северна Македонија …

В среда, крводарителска акција  во Општина Аеродром Read More »

Богоев до учениците и наставниците: Да ги почитуваме мерките


Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев денеска го посети Основното училиште „Лазо Трповски” во населбата Карпош 3. Заедно со директорката на училиштето и службите имаа можност да видат како се одвива наставата со физичко присуство и онлајн предавањата. Како што соопшти Општина Кисела Вода, во текот на посетата тие поразговараа и за алгоритмите и постапката …

Богоев до учениците и наставниците: Да ги почитуваме мерките Read More »

Зголемувањето на казните за неносење маски, нема да даде ефект, смета Спасовски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информира дека неколку пати досега е отворено прашањето за зголемување на казните за неносење маски, но смета дека тоа само по себе нема да даде ефект. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се зголемат казните за неносење маски со оглед на тоа што секојдневно се високи бројките за …

Зголемувањето на казните за неносење маски, нема да даде ефект, смета Спасовски Read More »

Спасовски: Неповредливоста на домот мора да се почитува


Уставните начела и закони ќе се почитуваат и тоа начело за неповредливост на станот или на домот е начело што нема алтернатива и мора да биде почитувано, беше дециден денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање како полицијата ќе ја спроведува мерката за контрола за проверка на домовите и дали ќе …

Спасовски: Неповредливоста на домот мора да се почитува Read More »

МОН повикува на почитување на мерките и одговорно однесување и надвор од училиштата


Министерството за образование и наука апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата, со што ќе го спречат ширењето на болеста. Посочува дека заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ги презема сите …

МОН повикува на почитување на мерките и одговорно однесување и надвор од училиштата Read More »

Над 150 закони доставени до Собранието, дел по скратена постапка поврзани со пандемијата со Ковид-19 и законот за прекршоци


Од 1 до 8 октомври до Собранието се доставени 151 нови предлог-закони, измени и дополнувања на закони и ратификации, голем дел по скратена постапка, за која пракса забелешка беше ставена и во последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјата. Во однос на законите по скратена постапка, бројни се усогласувања со Законот за прекршоци со …

Над 150 закони доставени до Собранието, дел по скратена постапка поврзани со пандемијата со Ковид-19 и законот за прекршоци Read More »

Филипче смени профилна, денеска со повик да не забораваме маски


Министерот за здравство Венко Филипче, откако ги најави новите мерки што ги предложи Комисијата за заштита од заразни болести, со цел сузбивање на пандемијата од корона вирус, синоќа смени и профилна фотографија на Фејсбук. Тој постави фотографија со маска на лицето. Утрово пак, повикува да не забораваме, односно задолжително да носиме маски, да ги дезинфицираме …

Филипче смени профилна, денеска со повик да не забораваме маски Read More »

Сообраќајот по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ. Денеска во период меѓу 12:00 и 15:00 часот, компанијата Страбаг АГ со своите подизведувачи ќе врши …

Сообраќајот по наместа влажни коловози Read More »

Светски ден на поштите, писмото „Добар ден, добар човеку!“ на Јана Поповска отпатува во Берн


Писмото  „Добар ден, добар човеку!“ што го напиша ученичката Јана Поповска од ООУ „Елпида Караманди“ од Битола е првонаградено на 49. конкурс „Напиши порака на возрасен за светот во кој живееме“, што го спроведе Пошта на Северна Македонија во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата, како дел од активностите за одбележување на …

Светски ден на поштите, писмото „Добар ден, добар човеку!“ на Јана Поповска отпатува во Берн Read More »

Рекордните бројки новозаразени наметнаа рестриктивни мерки


Во земјава вчера беше регистриран најголем број на новозаболени од Ковид -19 од почетокот на пандемијата. За едно деноноќие имаше 364 нови случаи. Комисијата за заразни болести предложи сет на рестриктивни мерки, но засега не се размислува за воведување полициски час. Дел од мерките што ќе бидат доставени до Владата се носење на маска на …

Рекордните бројки новозаразени наметнаа рестриктивни мерки Read More »

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степен. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен …

Сончево со мала до умерена облачност Read More »

„Васил Ѓоргов“ утре целосно затворена поради градежни активности


Градот Скопје информира дека почнувајќи од утре), по 18 часот, ќе почне гребење на асфалтниот слој на улицата Васил Ѓоргов, согласно со привремениот режим на сообраќај. Поради тоа, делови од оваа улица ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа. Од Град Скопје апелираат до сите учесници во …

„Васил Ѓоргов“ утре целосно затворена поради градежни активности Read More »

Со новите тестови побрзо ќе се добиваат резултатите, лекот „Ремдесивир“ за болничко лекување, најави Филипче


Двеста и педест дополнителни термини за тестирање за Ковид-19 се пуштени и верувам дека со новите брзи тестови од 15 минути ќе се смени ситуацијата околу добивањето на резултатите од тестирањето, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. – На почетокот на минатата недела увидовме дека практично сите термини во понеделникот за цела …

Со новите тестови побрзо ќе се добиваат резултатите, лекот „Ремдесивир“ за болничко лекување, најави Филипче Read More »

Најголем број активни случаи има во Центар – 241, следат Аеродром со 240 и Карпош со 214


Во Oпштина Центар има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број денеска изнесува 241, покажуваат податоците за состојбата со Ковид-19 во земјата, што ги објави Министерството за здравство. Во Аеродром има 240 активни случаи, во Карпош – 214, Гази Баба – 140, Кисела Вода – 138, Ѓорче Петров – 104, Чаир – 72, Бутел …

Најголем број активни случаи има во Центар – 241, следат Аеродром со 240 и Карпош со 214 Read More »

Филипче: Викендот без ДДВ не е ризик по здравјето, има протоколи


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека претстојниот Викенд без ДДВ нема да претставува ризик за ширење на коронавирусот, бидејќи има протоколи и се знае по колку лица можат да влезат на затворено, а дополнително на тоа е задолжителното носење маска и држењето дистанца. -Во таа смисла и групирањето или потенцијални поголеми групи за …

Филипче: Викендот без ДДВ не е ризик по здравјето, има протоколи Read More »