Сообраќајот по наместа влажни коловози


Фото; Б. Грданоски

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ.

Денеска во период меѓу 12:00 и 15:00 часот, компанијата Страбаг АГ со своите подизведувачи ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, во близина на селото Дамјан.

На патниот правец Крива Паланка – ГП Деве Баир ќе се интензивираат работите на пат и се препорачува прилагодена брзина на движење и почитување на веќе поставената сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир, во период од 11.05.2020 год. до 02.2022 год. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон граничен премин Деве Баир).

На магистралниот пат А2, патен правец Струга – г.п. Ќафасан (поточно од бензиската пумпа на Окта до с.Франгово) ЈП Македонијапат (подружница Струга) почнувајќи од 07.10.2020 среда, во наредните 4 дена ќе изведува работи на пат (асфалтирање). На местото ќе биде поставена соодветна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони  особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.