Заев: Требаше да направат спот за бегалката од Будимпешта, а не приспивна приказна за Зоран


Вечерва на собирот во Куманово претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на саркастичен начин ги искоментира неколкуте спотови на ВМРО-ДПМНЕ, а особено последниот со приспивната приказна за деца. „Ги гледате овие спотовите на ВМРО-ДПМНЕ. Не можам а да не кажам нешто. Не сум за негативна кампања, но веројатно тој што ги искреирал (а знам дека таму …

Заев: Требаше да направат спот за бегалката од Будимпешта, а не приспивна приказна за Зоран Read More »

Касами: Дојдено е времето ДУИ да оди во опозиција


Биљал Касами, лидерот на движењето Беса и носител на листата на коалицијата „Можеме“ за Шестата изборна единица, вечерва се обрати на собири во населбата Ново Маало во Гостивар и во селото Здуње. Во обраќањето пред сопартијците во Гостивар, Касами рече дека овие избори се важни, бидејќи како што нагласи со нив ќе се симне од …

Касами: Дојдено е времето ДУИ да оди во опозиција Read More »

Над 17.000 граѓани ја потпишале петицијата за прв премиер Албанец


За само една недела, повеќе од 17.000 граѓани ја потпишаа петицијата „Зошто не?“ како подршка за назначувањето на првиот премиер Албанец во Македонија, по изборите на 15 јули. Но, покрај граѓаните, иницијативата за премиер Албанец е силно поддржана од граѓанското општество: Денес, и четири албански невладини организации и се приклучија на иницијативата. „Ние ја поддржуваме …

Над 17.000 граѓани ја потпишале петицијата за прв премиер Албанец Read More »

СДСМ: ДУИ да престане да го партизира јавното здравство


Демократската унија за интеграција мора да престане да го партизира здравството, порача денес СДСМ. – Наместо да организираат протести подобро е овие 15 дена до изборите да ги искористат да направат 4-годишен план за реформа и демократизација на својата партија. Четири години во опозиција се доволно време за реформа на една партија. ДУИ треба да …

СДСМ: ДУИ да престане да го партизира јавното здравство Read More »

Во Тетово, Штип и Гостивар денеска има повеќе оздравени од заболени пациенти


И покрај денешната висока бројка од 176 новозаразени од корона вирусот денеска има и некои охрабрувачки податоци. Најважниот е што се оздравени 80 пациенти и што во некои од кризните жаришта има повеќе луѓе кои се означени веќе како негативни отколку позитивни. Така, во Тетово денеска се забележани 30 оздравени пациенти (нови инфекции има 22), …

Во Тетово, Штип и Гостивар денеска има повеќе оздравени од заболени пациенти Read More »

Силјановска-Давкова ќе се залага за повеќе зеленило со „Скопска шума“


Носителката на изборна единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Гордана Силјановска–Давкова денеска на средби со граѓани во Скопје во Градскиот парк истакна дека програмата „Обнова на Македонија“ предвидува мерки за поголемо зеленило во урбаните места за живеење и намалување на аерозагадувањето. „Во обновата оние кои ја читале забележале еден проект кој …

Силјановска-Давкова ќе се залага за повеќе зеленило со „Скопска шума“ Read More »

Димитров најавува 10 милиони евра за спортски ваучер и стаж за спортистите


Никола Димитров, носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 на коалицијата „Можеме“, заедно со кандидатите за пратеници Дарко Каевски и Горан Мисовски, како и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска се сретнаа со спортски работници од Кисела Вода. -Нема поголем амбасадор од спортот. Спортска нација е и здрава нација. Оттука, инвестиции во …

Димитров најавува 10 милиони евра за спортски ваучер и стаж за спортистите Read More »

Еден позитивен случај на Ковид-19 и еден оздравен пациент во Малешевијата


По пауза од две недели во Малешевијата e регистриран нов пациент, кој е позитивен на коронавирус. Пациентот е од Пехчево и е вкупно шестиот позитивен на Ковид-19 во оваа општина, каде во моментот има три активни случаи. Надлежните информираат дека пациентите се во добра состојба. -Двајцата сопружници кои до денеска веќе 8 ден се во …

Еден позитивен случај на Ковид-19 и еден оздравен пациент во Малешевијата Read More »

Епидемијата не попушта, денес 176 заразени, деветмина починати


Виоките бројки на новоинфицирани од корона вирусот не се намалуваат. Во последните 24 часа регистрирани се 176 нови случаи на Ковид-19 во земјава. Оздравени се 80 пациенти, а починаа девет лица, информира денеска Министерството за здравство. Спроведени се 870 тестирања, а од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје – 61, Куманово – 8, Дебар – …

Епидемијата не попушта, денес 176 заразени, деветмина починати Read More »

Шекеринска и Митрески во Битола: Вративме стотици милиони евра кај граѓаните


Носителите на изборната листа на СДСМ во Изборната единица 5, Радмила Шекеринска и Јован Митрески, остварија повеќе средби во Битола. „Малите бизниси се столбот на нашата економија. Држава која овозможува услови за сите подеднакво а не за малкумина како што тоа го правеше ДПМНЕ е држава во која сакаме да живееме. СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ …

Шекеринска и Митрески во Битола: Вративме стотици милиони евра кај граѓаните Read More »

Спасовски од Куманово: „Можеме“ е сигурна грижа за сите


Носителот од СДСМ во ИЕ2, Оливер Спасовски, денеска во Куманово порача дека „Можеме“ е сигурна понуда на грижа за сите граѓани, за да продолжиме по правиот пат. Спасовски нагласи дека Куманово доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а и модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ, а ќе ја …

Спасовски од Куманово: „Можеме“ е сигурна грижа за сите Read More »

Насер Зибери им оддаде почит на Борис Трајковски и Имер Имери


Кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, за да им оддаде почит како на учесници во креирањето на Рамковниот договор. Зибери рече дека со овој гест „оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес …

Насер Зибери им оддаде почит на Борис Трајковски и Имер Имери Read More »

(Во живо) ДИК решава за непочитувањето на мерките во кампањата


Државната изборна комисија денеска одржува јавна седница. Се очекува на седницата да бидат донесени задолжителни препораки за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 што ќе произлезат од протоколите доставени до ДИК од Комисијата за заштитни болести. Членовите на ДИК ќе решаваат и по неколку приговори за непочитување на кампањата поднесени од коалицијата „Можеме“ и …

(Во живо) ДИК решава за непочитувањето на мерките во кампањата Read More »

Мицкоски за Никола Младенов: Лицемерство на дланка


Вчера во Виница Христијан Мицкоски, образложувајќи ја програмата на неговата партија, рече: „Ќе има за секого по нешто“. И навистина има за секого по нешто – па и за оние што претрпеа многу маки и загуби за време на 11-годишното владеење на неговата партија. Секои избори остануваат запаметени по некои секвенци кои времиња подоцна се …

Мицкоски за Никола Младенов: Лицемерство на дланка Read More »

Заев: Се што обвинува опозицијата е бла, бла…


Сите што употребија насилство и кои го организираа 27- ми март во Собранието се пред судот на правдата, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој одговори на новинарско прашање зошто се уште насилниците кои учествуваа во овој настан се уште не се казнети. -Со Законот за амнестија преку Парламентот, а не преку притисоци и влијанија …

Заев: Се што обвинува опозицијата е бла, бла… Read More »

Филипче најави нормализирање на работата на болниците


Болниците во земјава почнуваат да ја нормализираат работата, посочи денеска од Штип, министерот за здравство, Венко Филипче. -Распоредот за враќање во нормала и распоред на пациентите коишто беа одложени заради Ковид кризата е веќе направен и дел од клиниките веќе ја нормализираа својата работа согласно тоа дали даваат лекари и сестри во системот на ротација …

Филипче најави нормализирање на работата на болниците Read More »

Талат Џафери од Битола: Ќе ја почитуваме волјата на граѓаните


Докажав дека зборувам и работам за граѓаните и нивните интереси кои ги претставувам во Собранието, и затоа верувам дека и овој пат граѓаните ќе знаат да го изберат најдоброто од понуденото, изјави кандидатот за пратеник Талат Џафери, носител на листата кандидати за пратеници од партијата ДУИ во ИЕ5. На промотивниот настан пред Почесниот конзулат на …

Талат Џафери од Битола: Ќе ја почитуваме волјата на граѓаните Read More »

Заев најави дека во 2024 просечната плата ќе биде 34.000 денари


СДСМ до крајот на мандатот на новата влада ветува дека ќе ја зголеми минималната плата  на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари. Ова денеска го најави претседателот на партијата, Зоран Заев, за време на прес-конференцијата во Штип на која зборуваа и Љупчо Николовски и Венко Филипче. Заев уште кажа дека пензиите ќе …

Заев најави дека во 2024 просечната плата ќе биде 34.000 денари Read More »

Ерол Муслиу: Сите тајни за „Диво насеље“ не се закопани со смртта на водачите на групата


Добиваме нови информации за „Диво насеље“. Не исчезнаа сите тајни со загинувањето на дел од водачите на кумановската група Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Не биле само тие двајца коишто имале контакти со службите за безбедност, вели директорот на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу во неделното интервју на Радио Слободна Европа. По однос на „Кумановскиот …

Ерол Муслиу: Сите тајни за „Диво насеље“ не се закопани со смртта на водачите на групата Read More »

До кога ќе зборуваме за втор бран на Ковид-19, дали трендот ќе продолжи?


Анализа на состојбите околу Ковид-19 изработија Проф. д-р Борче Треновски, Кристијан Кожески – Економски факултет – Скопје, УКИМ, а истата ви ја пренесуваме во целсот. Во последниов период во јавноста може да се забележат низа текстови, дебати, колумни и прес-конференции поврзани со трендот на движење на новиот тип на корона вирус , КОВИД-19 во земјава. …

До кога ќе зборуваме за втор бран на Ковид-19, дали трендот ќе продолжи? Read More »