Над 17.000 граѓани ја потпишале петицијата за прв премиер Албанец


Фото: Б. Грданоски

За само една недела, повеќе од 17.000 граѓани ја потпишаа петицијата „Зошто не?“ како подршка за назначувањето на првиот премиер Албанец во Македонија, по изборите на 15 јули. Но, покрај граѓаните, иницијативата за премиер Албанец е силно поддржана од граѓанското општество: Денес, и четири албански невладини организации и се приклучија на иницијативата.

„Ние ја поддржуваме иницијативата ‘Зошто не’, затоа што веруваме дека премиерот Албанец, ќе донесе еднаквост. Албанската уметност и култура имаат иста важност во културното наследство на државата. Време е албанската култура да биде подеднакво видлива и да се добие еднаква поддршка од државната“, објаснуваат од невладината организација „УЛТРА“ за причините зошто ја поддржуваат иницијативата.