Насер Зибери им оддаде почит на Борис Трајковски и Имер Имери


Кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, за да им оддаде почит како на учесници во креирањето на Рамковниот договор.

Зибери рече дека со овој гест „оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес во развојот на мултиетничкиот карактер на земјава, оставајќи притоа големо наследство преточено во Охридскиот рамковен договор, кој веќе стана дел и од преамбулата на Уставот како еден од клучните столбови врз кој се гради земјата“.

Зибери го оцени придонесот на Трајковски и Имери како историски во изградбата на денешното мултиетничко општество, посочувајќи дека тоа мора да се негува и надградува, со цел да се зајакне довербата меѓу етничките заедници.

Во времето кога Имер Имери беше претседател на ПДП, Насер Зибери беше член на таа партија, а претходно и министер и пратеник.