До 15 мај нема свадби


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрла можноста во овој момент да се дозволи организирање свадби во земјава и порачува дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај, кога ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство. -Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа […]

Ангелов: Системот за управување со кризи мора да се гради


За справување со климатските промени неопходни се сеопфатни мерки и активности од страна на повеќе надлежни органи. Постои потреба од меѓуресорски координирани стратегии, политики и планови. Климатските промени се чувствуваат во многу сектори: земјоделство, шумарство, водостопанство, животна средина, предизвикуваат топлотни и студени бранови, имаат ефекти врз здравјето и животот кај луѓето, животните и растенијата, производството […]

До средината на јуни ќе се уриваат градби на плажите во Охрид


До средината на идниот месец плажите на брегот на Охридското Езеро плажите на потегот меѓу хотелот „Метропол“ и Пештани треба да бидат целосно ослободени од илегално изградени објекти и уредени до состојба каква што биле пред нивното издавање под концесии пред повеќе од 15 години. Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески најави дека активностите на терен […]

МЗ: Граѓаните кои направиле погрешен избор на локација за вакцинирање, да се вакцинираат во местото во кое живеат


Граѓаните при закажување на веб страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат, поради тоа системот автоматски им испратил порака за локацијата, односно вакциналниот пункт и градот, што сами го одбрале. Ова денеска го соопшти Министерството за здравство откако на социјалните мрежи се појавија информации од граѓани, дека за вакцинација добивале смс пораки […]

Почнува комплетното реновирање на одделот за онкологија на Детската клиника


Меморандум за реновирање на одделот за онкологија на Клиниката за детски болести потпишаа денеска генералниот директор на компанијата „Макстил“, Иван Бановски и директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова. Со потпишувањето на меморандумот почнуваат активностите за комплетно реновирање на одделот. По повод потпишувањето на меморандумот, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека „Макстил“ е општествено одговорна компанија […]

Полицискиот објект во Ресен реновиран по 40 години


Објектот на Одделението за внатрешни работи на Општина Ресен е комплетно реновирано по 40 години.  Ова е 55-ти реновиран полициски објект во земјава, а инвестицијата е 12,7 милиони денари, обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи.  На увид на реновираниот објект во Ресен, денеска присуствуваа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер […]

Сметките за вода ќе се плаќаат без провизија со скенирање на кјуар-код


  ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова можност за корисниците на своите услуги.На фактурите за април е поставен персонализиран кјуар-код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга „инстант плаќање“ и имаат можност брзо, лесно и едноставно да го реализираат плаќањето без провизија, соопшти претпријатието. Покрај можноста за […]

Заев: Македонскиот јазик со својата посебност е признат во целиот свет


Оваа Влада искрено и силно е посветена во негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, кој Владата пред две години го прогласи за празник во чест на 5 мај 1945 година кога […]

Промоција на електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик


Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира чествување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески. Ќе биде промовирано електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор. Електронското издание на Толковниот речник ќе може […]

Од денеска полициски час од 23 до 5 часот, угостителските објекти ќе бидат отворени до 22:30 часот


По препорака на Комисијата за заразни болести, поради стивнувањето на епидемијата во земјава, Владата донесе одлука наместо од 21:00 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23:00, а ќе трае до 05:00 часот. На вчерашната седница Владата донесе одлука и за измена на работно време на угостителските објекти, односно од денеска тие ќе бидат […]

Облачно, ветровито и топло до 26 степени


Времето денеска ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени. Во […]

Изабела Дијаз Ајузо победник на изборите во Мадрид


 Изабела Дијаз Ајузо од Народната партија победи на регионалните избори на шпанскиот автономен регион Мадрид, покажа истражувањето на јавното мислење по завршувањето на гласањето, спроведено од ГАДЗ за ТВЕ и Телемадрид. Како што пренесуваат локалните медиуми, на Дијаз Ајузо (42) ќе и биде потребна поддршка од уште една партија за да продолжи да управува со […]

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Не нѝ треба реприза со платените јавни кампањи во медиумите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат на јавната најава на Владата за измена на регулативата со која ќе престане да важи забраната за рекламирање во медиумите од страна на јавните институции (член 102 од […]

Автобусите на ЈСП од утре возат до 23 часот


Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека од утре, среда (5.05.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа до 23 часот. Посочениот режим е согласно последната одлука на Влада на РСМ за забрана за движење на населението од 23 до 5 часот. Во прилог се последните термини на поаѓање пред 23 часот. Останатиот возен ред, до наведените последни […]

Полицискиот час од утре од 23 часот, угостителите ќе работат до 22.30


Забраната за движење од утре наместо од 21 часот, ќе започнува од 23 часот и ќе трае до 5 часот наредниот ден, а угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22.30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи, одлучи Владата […]

Владата ќе основа медиумски фонд за проекти од јавен интерес


  Владата по опсежни анализи и дебати, како и консултации со домашни и меѓународни институции, смета дека се прифатливи најголем дел од барањата на медиумите и медиумските работници, кои се однесуваат на најавените медиумските реформи, брифираат владини извори за МИА. Пакетот медиумски реформи главно се однесува на прифаќање на дел од барањата на медиумите и еснафските […]

Регистрирани 67 нови случаи на Ковид-19, починати 31, оздравени 782


Во последните 24 часа се направени 1169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на КОВИД-19, од кои најмногу во Скопје 28, Куманово – 8, Гостивар и Охрид – по 4, Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип – по 3, Струга, Кичево и Ресен – по 2, Свети Николе и Кратово – по 1, соопштија […]

Марин купува мобилен телефон со 1.600 евра буџетски пари, тој демантира


Во целост ги демантирам гласините за набавка на мобилни телефони за потребите на општинската администрацијата и Советот на Општината, како и за мене лично што денеска кружат по социјалните мрежи. Одлуката којашто е проследена во написите е составен дел на Упатството за користење службени мобилни телефони во Општината и е изгласана на седница на Советот […]

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) реагираат до Министерството за економија да ги поништи тендерите за медиумска кампања. Министерството за економија објави огласи за јавни набавки со кои бара фирма за изработка на медиумска и […]

Средба на градоначалникот на Чаир со директорите на училиштата за новиот концепт во образованието


Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу денеска имаше средба со директорите на девет основни училишта на територијата на оваа општина, на која разговараше за новиот концепт на МОН во образованието и за можностите за негово спроведување.   Како што соопшти Општина Чаир, во фокусот на разговорот била дигитализацијата и капацитетите кои ги имаат училиштата за да […]