На инфективните одделенија се лекуваат 926 пациенти со Ковид-19


Вкупно 926 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 800 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно […]

ДКСК од Народна банка добила документ за кинеските вакцини


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е при крај со предметот за набавката на вакцините за КОВИД – 19 и има информации што не се се уште целосни. Како што информираше на денешната прес-конференција Горан Трпеноски член на Комисијата, целата ситуација е комплексна и треба да се размисли со ладни глави и имајќи ја […]

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата


Државниот архив на Република Северна Македонија и државната агенција „Архиви“ на Република Бугарија заедно ќе објават збирка документи и писма на некои историски значајни личности од илинденскиот период што ги поседуваат, меѓу кои и од  Гоце Делчев од кого нашиот Архив има 33 оригинални писма. Во план е и уште еден заеднички проект –  објавување […]

(Фото) Заев се вакцинираше со кинеската „Синофарм“


Премиерот Зоран Заев денеска ја прими првата доза од вакцината на кинески „Синофарм“, во пунктот за вакцинација во спортската сала „Борис Трајковски”. Вели дека не ја бирал вакцината. „Ја примив првата доза од ‘Синофарм’. Таа беше на ред, јас не бирав“, рече Заев додавајќи дека очекува до почетокот на летото голем број граѓани да бидат […]

Онлајн судењата за 60 отсто ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста


Судењата на далечина или онлајн судењата за 60 отсто ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, покажуваат анализите на Работната група за дигитализацијата при Министерството за правда.   Дополнително, како што објави министерот за правда Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил, на овој начин се намалуваат трошоците.   – Само со 15 институции приклучени на системот за […]

Редица за ревакцинација во „Борис Трајковски“


Долга редица граѓани стрпливо чекаа утринава пред спортската сала „Борис Трајковски“ да ја примат втората доза на вакцината Спутник В. Станува збор за оние кои пред три недели ја примија првата доза од руската вакцина, по што на нивните телефони добија известување од „Мој термин“ за датумот, времето, и пунктот на кој ќе треба да […]

Велика Британија ги призна македонските возачки дозволи


Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола. Министерот за внатрешни работи на својот Фејсбук профил објави дека врз основа на потпишан билатерален договор Велика Британија е деветтата држава во која носителите на македонска возачка дозвола кои […]

Без вода дел од Керамидница


Поради дефект на приклучна цевка на улица „520“ број 15 во скопската населба Керамидница, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа улица, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. – Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, па до завршување со активностите, информираат од градски водовод. 

Шекеринска – Гуерини: Членството на Македонија во НАТО беше инвестиција во стабилноста на регионот


  Италија и Северна Македонија имаат одлична билатерална соработка базирана на заедничката цел: стабилен и просперитетен Балкан за силна Европа. Придонесот на македонската Армија во КФОР во Косово, под команда на италијански генерал, уште повеќе го засили сојузништвото меѓу двете земји и дава придонес кон безбедноста на евроатлантската област – се согласија денеска на средбата […]

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки


Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во најновиот извештај на ООН. Во извештајот се бара бабицата да биде прогласена за приоритетна професија во здравството. Поради тој недостиг, загрозени се неколку милиони жени и новороденчиња, предупредува извештајот заеднички подготвен од Агенцијата на ООН […]

Премиерот Заев ќе се вакцинира денеска


Премиерот Зоран Заев ќе се вакцинира денеска, на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Како што соопшти владината прес-служба, по вакцинирањето се предвидени изјави за медиумите пред влезот на спортската сала. 

Половичен одѕив за вакцинирање, следната недела можно дополнително попуштање на рестрикциите


Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Покрај скратувањето на полицискиот час и дозволата угостителски објекти да работат до 22:30 часот, до надлежните пристигнале барања за отворање на салите за вежбање и зголемување на бројот на деца во градинките, но, министерот Филипче информираше дека Комисијата […]

Четири исечени дрва предизвикаа револт кај битолчани


Едно од дрвата во центарот на градот падна врз дуќан за време на Велигден, општината потоа ги исече и другите три. Улицата каде што се наоѓаа се реконструира. Политиката се вмеша веднаш   БИТОЛА – Сензибилираноста на јавноста околу животната околина на битолската јавност се покажа и во случајот на сечењето на четири дрва пред […]

Царовска: Мора да го подобриме образованието за децата да не бидат функционално неписмени


Совршен систем не постои никаде во светот, ни во нашата држава. Ни денес не е совршено образованието и нема да биде во догледно време, но првиот чекор на подобрување мора да го направиме затоа што сите истражувања покажуваат дека нашите деца остануваат функционално неписмени. Согледани се сите проблеми и се оди чекор по чекор, истакна […]

Владата останува посветена на препораките на УНЕСКО и го поддржува отстранувањето на дивоградбите на охридското крајбрежје


Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје што ги изведува Општина Охрид, со што ги потврдува своите заложби за посветено исполнување на препораките на УНЕСКО и за имплементацијата на „Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, соопшти вечерва владината Прес-служба. Во соопштението се посочува дека […]

Нови 323 случаи на Ковид-19, 24 починати, 714 оздравени


Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања при што се регистрирани 323 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 24 починати, а оздравеле 714 пациенти, соопшти Министерството за здравство.   Од новозаболените најмногу се во Скопје – 96, по што следат Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – […]

Летово ќе се реконструираат 14 улици во Општина Центар


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес изврши увид во реконструкцијата на три улици во населба Крњево, улиците „164“, „166“ и „Хусеин Бајрам“, кои се реконструираат по повеќе од 40 години. Градежните зафати опфаќаат поставување на нов коловоз, тротоари, рабници и атмосферска и водоводна канализација. На улицата „164“ се изведува 250 метри фекална и 270 […]

Четири затворски казни во судењето за лажните пасоши


Судењето на петтемина обвинети кои го признаа делото за фалсификувањето на пасошите почна и заврши во еден ден со четири затворски казни и една условна. Посредникот Раиф Мифатари, кој се товари за поттикнување, доби 2 години и 3 месеци затвор, додека останатите затворски казни за тројца од вработените во МВР се во висина од: 2 […]

Дали родителите ќе се изборат за учебници во образованието – утре средба со МОН


Претстадвници на граѓанската иницијатива против донесување на Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование „Учебници и настава мора да им“, утре се на средба во Министерството за образование и наука со цел да останат печатените учебници во формалното основно и средно образование. Работната средба е закажана за утре на пладне во […]

Андреј Тасев избран за член на Регулаторната комисија за енергетика, Собранието продолжува со работа утре


Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 39. седница денеска го избра Андреј Тасев за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а беа донесени и повеќе одлуки за распишување јавни конкурси меѓу кои и за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, и за  именување […]