ВМРО-Народна има забелешки за резолуцијата околу идентитетот и јазикот
ВМРО-Народна, која е дел од владината коалиција, има забелешки на резолуцијата што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за одредување на македонскиот став во преговорите со Бугарија.
Според партијата на Љупчо Георгиевски, нивните експерти заклучиле дека во декларацијата сериозен недостаток претставува што нема конкретно временско и просторно определување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
„Без овие елементи предлог-резолуцијата дава простор теоретски, македонскиот јазик и македонскиот идентитет исто така, да се определат со почеток од 1945-та година и тоа само на просторот на Северна Македонија. Така што оваа резолуција на ваков начин може да ни создаде поголем проблем отколку решение“, нагласуваат преку соопштение од ВМРО-Народна.