Спасовски од Куманово: „Можеме“ е сигурна грижа за сите


Носителот од СДСМ во ИЕ2, Оливер Спасовски, денеска во Куманово порача дека „Можеме“ е сигурна понуда на грижа за сите граѓани, за да продолжиме по правиот пат.

Спасовски нагласи дека Куманово доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а и модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ, а ќе ја реконструктираат и спортската сала.

„Се грижиме за сите и за младите генерации и за возрасните на кои ќе им овозможиме да ја гледаат својата младост и сега и во иднина тука, со тоа што ќе ја задржиме автентичноста на објектот. Можеме, почитувани граѓани е сигурна понуда за грижа за сите граѓани и за повисоки плати и пензии и одовде ја праќам оваа централна порака денеска дека продолжуваме по правиот пат“, изјави Спасовски.

Нудиме, порача тој, нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал, модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места.