„Виенска фантазија“ – концерт на Филхармонијата со виолинистот Шкељзен Доли од Албанија


Оркестарот на Филхармонијата вечер од 20 часот ќе одржи концерт насловен „Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка […]

Концерт на индонезискиот музичар Маншур Ангклунг во „Јавна соба“


Во „Јавна соба“ во Скопје вечер од 20.30 часот концерт ќе одржи познатиот индонезиски музичар Маншур Ангклунг, за кој влезот за посетители е слободен. Како што соопшти Амбасадата на Индонезија во Софија, Маншур Прадитја, познат како Маншур Ангклунг (1994, Бандунг, Индонезија) е традиционален музичар, уметник и солист, пионер на анклунг, кој ги комбинира звуците на […]

Реконструкцијата на Националниот џез оркестар во завршна фаза


Реконструкцијата на просториите на Националниот џез оркестар на Македонија влегува во завршна фаза и се очекува институцијата наскоро да добие современи услови за работа, соопшти министерот за култура, Зоран Љутков, при денешната посета на објектот во рамки на Националната опера и балет. При посетата, Љутков посочи дека оркестарот е основан во 2023 година, кога е […]

Светската оперска ѕвезда Хозе Карерас и Македонија олл стар на концерт во Скопје по повод „35 години независност“


На 1 септември на градскиот плоштад во Скопје по повод 35 години независност ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, како и Македонија олл стар – Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Ова е […]

Спектакуларно затворање на 54. „Мајски оперски вечери“ со Вердиевото ремек-дело „Набуко“ на 31 мај


Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата […]

Проекција на „Борго” (2024), од Стефан Демустие во четврток во Кинотека


Францускиот институт во Скопје и Кинотека имаат чест најавија нова проекција на месечните „Кино средби”, во рамките на кои се прикажуваат современи француски филмови. Во четврток, 28 мај 2026, 20:00 часот, во Кинотека, ќе биде прикажан „Борго” (2024, 118 мин.), филм на Стефан Демустие, со Хафсија Херзи, Муса Мансали и Луј Меми. Мелиса, 32-годишна искусна […]

Една ноќ под ѕвездите: „Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти во Битола и Скопје


Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Хрватскиот национален ансамбл „Ладо“, двата столба на балканскиот и светскиот фолклорен мелос, најавуваат незаборавно културно доживување за домашната публика. Под магичниот наслов „Една ноќ под ѕвездите“, овие два реномирани ансамбли ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти кои ветуваат врвно уметничко доживување, спојувајќи ги традицијата, моќниот […]

Во македонскиот КИЦ во Загреб отворена изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за култура ИКОН


Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб вчеравечер беа претставени дела на четворица современи македонски уметници — Ѓорѓе Јовановиќ, Јасмина Главинче, Владимир Лукаш и Вук Митевски — кои преку цртеж, слика, графика, илустрација и анимациски имагинариум ги истражуваат внатрешните пејзажи, личните состојби, сеќавањата и фрагментите на современото искуство. На отварањето на изложбата „Mind(e)scapes“ на Асоцијацијата за […]

Ученици од Лескоец ќе го слават раѓањето на Ванчо Николески


Во пресрет на 114 годишнината од раѓањето на познатиот македонски романсиер, раскажувач и поет Ванчо Николески утре – четврток, библиотекари од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе гостуваат во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец. На учениците ќе им бидат презентирани интересни факти сврзани со животот и делото на Ванчо Николески кој е роден 1912 […]

Премиера на „Избраниот“ од Ева Камчевска во Театар Комедија


На големата сцена на Театар Комедија денеска и утре во 20 часот ќе се одиграат претпремиерата и премиерата на претставата „Избраниот“ по текст на Ева Камчевска, а во режија на Јане Спасиќ. Во претставата играат актерите Тони Денковски, Жаклина Петровска, Виктор Арсов, Сергеј Димоски, Елена Кузманов и Ангела Лефкова. Од Театар Комедија посочуваат дека „Избраниот“ […]

Оперската класика „Травијата“ вечерва на програмата на 54. Мајски оперски вечери


Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди ќе биде изведена вечерва на сцената на Националната опера и балет во рамки на 54. Мајски оперски вечери. Ремек-делото кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет вечерва во 20.00 часот. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, […]

Јубилејниот 25. Оффест со богата програма – осум концерти и еден музички документарец


Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од 3 до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, денеска на прес-конференција најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка.  Директорот Оливер Белопета соопшти дека се држеле до стандардната концепција и […]

Филмски омаж на Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето во Кинотека


Од 3-6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката на РС Македонија ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со […]

Презентација на програмата на годинашниот 25. ОФФест


Во Скопје денеска ќе биде презентирана програмата на годинашниот 25. ОФФест. Фестивалот ќе трае од 3 до 6 јуни, а предвидена е богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на Африканкиот континент. Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“, […]

Љутков од Рим: Нашата земја е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото


Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“, кој вчеравечер се одржа во престижниот амбиент на „Хорти Салустијани“, свечено беше заокружено годинашното чествување на сесловенските просветители во Рим, во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека […]

Чествувањето на св. Кирил во Рим завршува со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“


Со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“ ќе заврши годинашното чествување на св. Кирил во Рим, во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Концертот, кој вечер ќе се одржи во салата „Хорти салустијани“, го организира Министерството за култура и туризам. Ќе се обрати министерот Зоран Љутков, кој вчера изјави дека настапот […]

„Фјорд“ на романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма во Кан


Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“. Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, […]

„Првиот Македонец во вселената“ на 30 и 31 мај во Скопје


Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. – „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната […]

Гордана Јовиќ-Стојковска единствен кандидат за претседател на ДПМ


Гордана Јовиќ-Стојковска – романописец, раскажувач, поетеса, преведувач и книжевен критичар, творец на дела на македонски и на српски јазик, поранешна претседателка на Македонска книжевна младина е единствениот кандидат за претседател на Друштвото на писателите на Македонија за претстојното редовно изборно Собрание на ДПМ, кое е закажано за 30 мај, во 12:00 часот. Како што информираат […]

Меѓународен фестивал “PASS- Pass the Street (Art), Shake the Hand” во театар Комедија


Во театар Комедија денеска меѓународни и локални уметници ќе реализираат програма посветена на уличната култура, современата уметност и јавниот простор. Настанот е дел од меѓународниот фестивал „PASS- Pass the Street (Art), Shake the Hand”, европски проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија, кој преку улична уметност, мурали и јавен дијалог ја промовира социјалната […]