„Заедно за подобар свет“, изложба на Месут Неби во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје


 Животот е уметност на надминување на неволјите. Уметноста не се раѓа само од визија туку и од издржливоста. Се обликува како одговор на предизвиците и трансформациите на животот. Пандемијата на ковид донесе длабока тишина, универзална пауза; ги промени животите и перспективите. Но, во оваа тишина открив извор на креативност. Збирката од 50 слики на мојата […]

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје како Европска престолнина на културата во 2028


Трансформација на Скопје што ќе остави траен белег и ќе го трасира патот за натамошен развој на градот, на неговите културни споменици и обележја, како Калето, Аквадуктот, зградата на Поштата и парковите, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во пресрет на 2028 година, кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата. Експертите, пак, порачуваат да се создаде […]

Алмодовар од Кан: Европа никогаш не смее да му биде потчинета на Трамп!


Кан – Шпанскиот режисер Педро Алмодовар смета дека истакнатите филмаџии имаат „морална должност“ да говорат против влошувањето на политичката клима денес. На премиерата на неговиот претстоен филм во Кан, и со значка со натпис „Слободна Палестина“ на реверот на јакната, тој одговараше на прашања во врска со неговите претходни коментари во коишто го критикуваше недостатокот […]

НОБ за баритонот Ристе Велков: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник


Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа. Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, чиј глас, уметност и сценско присуство оставија длабока трага во Националната опера и балет и во македонската […]

Проекција на „Медена земја“ во Карловац во знакот на културната дипломатија


По повод Светскиот ден на пчелата, во Kino Edison во Карловац во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“ во киното Едисон во Карловац. Настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена кон промоција на филмската уметност, културниот дијалог […]

Македонската кинематографија со бројни активности во Кан


Агенцијата за филм и оваа година активно учествуваше на филмскиот фестивал во Кан, каде македонската кинематографија беше претставена преку бројни професионални, промотивни и меѓународни активности. На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко Мицевски, кој учествуваше како панелист на настан организиран од Centre national […]

Македонија и Франција ја продлабочуваат соработката во културата и туризмот


Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова, вчера, во пријатна и конструктивна атмосфера, оствари средба со Грегоар Жислер, директор на Францускиот културен институт во Скопје. На средбата, Ѓоргова и Жислер ги потврдија досегашната одлична соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. Во фокус на разговорот беа идните активности […]

Костимот го соблекува човекот: Интервју со Марија Пупучевска, костимограф


  Кога ликот оживува преку ткаенина, боја и детаљ – зад таа магија често стои костимографката Марија Пупучевска (1965, Битола). Со префинета естетика и впечатливи креации кои често се граничат со висока мода, таа успешно ја претставува македонската костимографија и дома и во странство. Нејзините костими не се само облека – тие се карактер, атмосфера […]

„Јаблон и Сибила“ – нов роман на Божин Павловски


Во издание на МАНУ и „Матица македонска“ е објавен новиот, дваесет и петти роман на академик Божин Павловски, „Јаблон и Сибила“, со поднаслов „Љубовна приказна“. Новото дело на еден од најистакнатите современи македонски прозаисти отвора романескен свет во кој љубовта, паметењето, раселеноста и потребата од припадност се вкрстуваат во возбудлива приказна за човекот што го […]

Врачена наградата за „Роман на годината“ на Оливера Ќорвезироска (фото)


Романот „Три Марии“ на писателката Оливера Ќорвезироска во издание на „Арс Либрис“ е добитникот на наградата „Роман на годината“ за 2025 година која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности, „Славко Јаневски“. Покрај плакета и статуетка, Ќорвезироска доби и парична награда од 150 илјади денари, кои ги доделува генералниот покровител Комерцијална банка […]

Промоција на книгата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“


Во КСП Центар – Јадро вечер во 20 часот ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“/Contemporary art in the post-yugoslav space: case studies in hauntology“, издадена од „Routledge books“ во Њујорк и Лондон во 2025 година.  – Уредена од Џон […]

„Мадам Батерфлај“ на сцената на НОБ во рамки на „Мајски оперски вечери“


Во рамки на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“, вечер во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја […]

Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025


Во Друштвото на писателите на Македонија вечер во 19 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2025 година. Годинашен лауреат е писателката Оливера Ќорвезироска за романот „Три Марии“, во издание на „Арс Либрис“. Одлуката ја донесе петчленото жири составено од Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева, со мнозинство […]

Министерството за култура издвои околу 25 милиони денари за реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание


Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието. Министерот Љутков, кој присуствуваше на а свеченоста по повод јубилејот, 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци, додаде дека […]

„Вивалдијада 2026“ со оркестарот на „Полифонија“ на 7 јуни во НОБ


Петтото издание на фестивалот за млади таленти „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, во 20 часот, во организација на уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“. „ВИВАЛДИЈАДА“ е уникатен проект-фестивал чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко наследство. Фокусот е […]

Нумизматичка збирка и инклузивна модна ревија : Археолошкиот музеј го одбележа Светскиот ден на музеите


Бројни гости од сите сфери на живеење, синоќа, во Националниот археолошкиот музеј на Македонија, присуствуваа на редок културен настан со кој се одбележа Меѓународниот ден на музеите –  свечено отворање на Нумизматичката збирка, и на инклузивна модна ревија „Модата низ минатото“. Гостите ги поздрави Росана Јанков, лице за односи со јавност и маркетинг при Музејот, […]

Барбра Стрејсенд (84) не доаѓа во Кан поради повреда на коленото


Кан – Барбра Стрејсенд (84) нема да присуствува на Канскиот филмски фестивал за да ја прими почесната Златна палма откако претрпе повреда на коленото. „По совет на моите лекари, бидејќи продолжувам да се опоравувам од повреда на коленото, за жал не можам да присуствувам на Канскиот фестивал оваа година“, рече Стрејсенд во соопштението. „Но, длабоко […]

Драмски со јубилејна 50. изведба на „Кармен“


Во рамки на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар Скопје, вечерва со почеток во 20 часот на малата сцена, ќе биде изведена јубилејната 50. изведба на монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, работена според романот „Пет часа со Марио“ од еден од најзначајните шпански автори на XX век, Мигел Делибес, во драматизација и режија на […]

Хуманитарна изведба на „Торонто експрес“ во МНТ: Театарот игра за СОС Детско село


По повод 25-годишнината од СОС Детско село, во соработка со театрите низ Македонија се реализира хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“, под мотото „Сцената што менува животи“, преку која, секој купен билет претставува директна поддршка за децата и младите. Македонскиот народен театар со особена чест се приклучува кон оваа значајна акција, а вечерва, на […]

Промоција на „Репертоарски калеидоскоп“ од Тодор Кузманов во Драмски 


Промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ на истакнатиот театарски критичар и публицист Тодор Кузманов ќе се одржи на 21 мај (четврток) во 12 часот во малата сала на Драмски театар Скопје. Станува збор за значајно издание кое преку аналитички осврти, критички текстови и театарски записи отвора важни прашања за современиот театар, неговиот развој, естетика и општествено […]