Никшиќско позориште со „Татко“ вечерва на големата сцена во МНТ


На големата сцена во МНТ, вечерва, во 20 часот, ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќско позориште.  Пред скопската публика ќе настапат актерите Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ. Сценографијата е на Весна […]

„Као какао“ ќе го затвори „Охридско лето“ : Втор прес за првиот македонски мјузикл на музиката на Влатко Стефановски


Оригиналниот македонски мјузикл „Као какао“ ќе биде премиерно изведен на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, во 20.30 часот. Репризите се закажани на 11 и 12 јуни.  Станува збор за мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски. Текстот е на Венко Андоновски, режијата на Дејан Пројковски, кореографија – Олга Панго, аранжмани – Бобан […]

Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ в среда во ДПМ


Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи во среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, во 19 часот. Добитничка на годинашното признание, кое го доделува Фондација „Славко Јаневски“, е писателката Оливера Ќорвезироска за романот Три […]

Изложба и панел дискусија за Исар – Марвинци во македонскиот КИЦ во Истанбул


Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, по повод Меѓународниот ден на музеите, организираат изложба, како и панел дискусија посветени на археолошкиот локалитет Исар – Марвинци, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија и поширокиот балкански простор. Настанот што денеска ќе се одржи во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во […]

Одбележување на Меѓународниот ден на музеите: изложби, модна ревија и детски пораки за мир


Со повеќе настани во Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на музеите, меѓу кои изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, инклузивната модна ревија „Модата во минатото“, како и изложба на детски ликовни творби во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Вода: Од […]

Операта „Тоска“ на програмата на 54. Мајски оперски вечери


Во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, денеска на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот ќе биде изведено ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, едно од најпознатите и најизведувани дела во светската оперска литература. „Тоска“ е опера во три чина од Џакомо Пучини, создадена врз либрето од Луиџи […]

Џон Траволта (72) ја доби Златната палма за животно дело во Кан


Кан – Џон Траволта беше доста изненаден кога му беше доделена почесната Златна палма за животно дело на Канскиот филмски фестивал во петокот. Ѕвездата на „Пеколот“ и „Сјаењето“ рече дека не го очекувал тоа и беше видливо трогнат. „Не можам да верувам. Ова е повеќе од Оскар“, рече 72-годишниот американски актер. Ја прими наградата пред […]

Концерт „Пролетен поздрав од Австрија – бисери на класичната музика“ на Македонската филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија в среда во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Пролетен поздрав од Австрија – бисери на класичната музика“, кој се реализира во соработка со Австриската амбасада во Скопје. Како што соопштуваат од Филхармонијата, под диригентската палка на Елизабет Атл од Австрија, како солист ќе настапи австрискиот виолончелист Јеремијас Флидл. На програмата […]

„Горчлив Божиќ“ на Алмодовар од Кан доаѓа во Скопје


Ова моќно емотивно остварување, во кое главните улоги ги играат Барбара Лени и Леонард Сбараља, премиерно ќе биде прикажано на 28 мај во кината ширум земјава. Шест години по филмот „Болка и слава“, прославениот шпански режисер Педро Амадовар се враќа во главната натпреварувачка програма на Канскиот филмски фестивал со своето ново дело „Горчлив Божиќ“ (Amarga Navidad), […]

Моќни песни од Kонески, Ренџов, Вангелов, Јоциќ, Анте… грмеа на отворањето на Деновите на поезијата во Скопје


Со стихови од плејада творци од првите генерации на современата македонска поезија, вчера свечено се отворија Деновите на поезијата, на поетската сцена на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во Скопје Сити Мол.  Инспириран од песната на Анте Поповски „Памети тој“, со слика на птицата која го надлетала неговиот свет и со моќниот стих „не умира […]

Кочани под ѕвездите: Три вечери посветени на македонскиот филм и култура


 Споменикот на слободата во Кочани Од денеска до 17 мај ќе се претвори во уникатно кино под отворено небо, каде што публиката ќе има можност бесплатно да проследи пет македонски филма во рамките на настанот „Филм под отворено небо“. Станува збор за тридневен филмски настан организиран од Локалниот младински совет при Општина Кочани, со поддршка […]

ТВ водителот Миро Кацаров назначен за в.д. директор на Универзална сала


Телевизискиот водител Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала во Скопје. Според податоците објавени во Централниот Регистар, Кацаров ќе биде вршител на должноста директор, а назначен е од актуелниот скопски градоначалник – Орце Ѓорѓиевски. Продолжува изградбата на Универзална сала – куполата била безбедна Почетокот на изградбата на објектот беше означен кон крајот […]

Мултимедијална изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава


„Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ е современа мултимедијална изложба инспирирана од духовното и културното наследство на Св. Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост. Преку современ визуелен израз, проектот создава дијалог помеѓу традицијата и современата уметност. На изложбата ќе бидат претставени дела од македонските уметници Александра Костадиновска, Ана Митевска, […]

Книжевна средба со естонската поетеса Дорис Карева на Филолошкиот факултет


Во рамките на третото издание на манифестацијата „Денови на поезијата“, во соорганизација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на 15 мај 2026 г. (петок), во 12 часот, во Библиотеката за македонска книжевност и култура ќе се одржи книжевна средба со естонската реномирана поетеса Дорис Карева. Дорис Карева (1958, Талин) е […]

Промоција на романот „Во Акрата нема мостови“ од Миле Бошњаковски


Во Изложбениот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ), вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на новиот роман „Во Акрата нема мостови“ од македонскиот писател Миле Бошњаковски. Како што е најавено, романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и односите што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се развива низ различни простори, јазици […]

Концерт на Македонската филхармонија вечерва во Струга


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва од 19 часот ќе одржи концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со што ја продолжува својата мисија за промоција на класичната музика во градовите низ државата. Под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, оркестарот пред струшката публика ќе се претстави со програма составена од музика од познати […]

Изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев во Македонскиот КИЦ во Софија


Во галеријата на Македонскиот КИЦ во Софија денеска ќе биде отворена самостојната ликовна изложба „Дамки“ од македонскиот уметник Перо Кованцалиев. Изложбата „Дамки“ е составена од серијата цртежи и објекти од проектите „Капиталистичка авантура“, реализиран 2020 година во Културно информативниот центар Кочо Рацин – Скопје во галеријата Кора и „Политичка лиричност“, реализиран во НУ Музеј – […]

Трето издание на „Деновите на поезијата“ од 14 до 16 мај во Скопје Сити Мол


Под мотото „Поезијата е свртена кон човекот, се создава за него и ги дели неговите соништа“, од 14 до 16 мај во Скопје Сити Мол ќе се одржи третото издание на „Денови на поезијата“, во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Како што информираат организаторите, годинашната програма ќе биде посветена на соништата на македонските […]

Министерство за култура: Исплатени се средствата за самостојните уметници


Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени  средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден  ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето настана поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со  важечките законски и финансиски прописи. […]

Пет месеци им доцнат исплатите за придонеси: Самостојните уметници со отворено писмо до Љутков


Самостојните уметници во Македонија, упатија отворено писмо до Министерството за култура и министерот Љутков во врска со сериозниот и долгогодишен проблем со доцнењето на исплатите за придонеси. Писмото го објавуваме во целост:  „Ние, самостојните уметници корисници на правото на уплата на придонеси преку Министерството за култура и туризам, Ви се обраќаме поради сериозното доцнење на […]