Средба на министерот за култура Сулејмани со Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД
Новиот министер за култура Седат Сулејмани оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава.
„Задоволство да остварам средба со вршителката на должноста шеф на Мисијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н. Е. г-ѓа Никол Вернс.

Разговаравме за одличната соработка меѓу нашите две земји во областа на културата, заштитата на културното наследство и развојот на туризмот. Посебно внимание посветивме на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, како и на можностите за заеднички иницијативи по повод одбележувањето на 250-годишнината од независноста на САД.
Културата е мост што ги зближува народите, ја поттикнува размената на идеи и го зацврстува пријателството меѓу државите. Соработката со Соединетите Американски Држави ќе продолжиме да ја унапредуваме преку нови проекти во културата, културното наследство и туризмот“, се вели во ФБ објавата на Сулејмани.